Back to Blog

Информативна сесија со царинска управа за правилата за потекло на стоки и царинска постапка за компании членки на МАТТО

На (9.07.2020.) се одржа информативна сесија за правилата за потекло на стоки и царинска постапка за членките на МАТТО. 

Преку видео конференциска врска  експерти на Царинската управа на Р.С.Македонија учесниците беа запознаени со следните теми: 

1. Поим за непреференцијално и префренцијално потекло

2. Целосна кумулација на потекло на стоки во рамки на ЦЕФТА (новина)

3. Поедноставено докажување на потекло и изјава за потекло на стоки во безхартиена царинска постапка (новина)

• Предавачи беа г.Златко Ветеровски, Помошник директор на Сектор за царински систем,

• г-ѓа  Лидија Лекоска, Началник на Одделение за царинска тарифа, вредност и  потекло и

• г-ѓа Ирина Нелковска,  Шеф на служба за поттекло.

Учесниците на видео конференцијата беа претставници на:Суташ, Рамстор,Макстил, Еуро Фикс, Интел ком, Океан ком –Улкер, Витаминка и Фимар Балкан – Мермер Прилеп и Лимак.

Предавањето се организираше на иницијативата на МАТТО а со цел да се  подржи унапредување на конкурентната способност и надворешно трговски капацитет на компании со оптимално користење на поттекло на стоки и царинската постапка  и зајакнат учество  во интернационални и  регионални пазари, како и на домашниот пазар. 

На теле конференцијата беше заклучено да се повикат компаниите да достават прашања и проблемите во врска со темите кои ќе се достават до Царинскта управа за одговор. 

 презентации:

1. Целосна кумулација потекло на стока >>

 

Share this post

Back to Blog