Back to Blog

Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО, стана членка на (НСПК) на Република Македонија

МАТТО со искуството на своето членство од матичната земја ќе пренесува најдобри практики како решениа за унапредување на претприемништво и конкурентност во Македонија

Собранието на Национален совет за претприемништво и конкурентност НСПК на денешната седница (02.09.2015.)  ја потврди одлуката на Управниот Одбор на НСПК за прием на Стопанската комора на Македонија – Турција,  МАТТО, во Советот. Со учленување  во НСПК, членките на МАТТО имаат можност да преку активен однос во секторските комитети, како алатка за приватно јавен дијалог, Управниот Одбор и Собранието, непосредно влијаат на политиките, регулативата и развој на индустриите односно на унапредување на општа и секторска деловна клима во земјата а со цел зајакнување на претприемништво преку зголемување на конкурентност. 

Г. Туна Ејуп Кахвеџи, во своето пристапно обраќање пред членовите на Управниот одбор на НСПК го претстави МАТТО и неговото членство и нагласи дека очекувањата на МАТТО и компаниите членки е големо во однос на можност и предизвик да влијаат директно на  унапредување на  деловен амбиент во Република Македонија но и да ја пренесат најдобрата практика на турската пазарна економија.

NSPK.JPG

Во рамките на НСПК функционираат : Комитет за МСП и занаетчии, за домашни и странски инвестиции, за човечки ресурси, туризам, автомобилска индустрија, земјоделие и преработка на земјоделско производство, текстил, услуги на логистика, технолошки развој и за креативни индустрии- ИКТ. Во решавањето на проблемите во индустриите, покрај делегирани претставници на компаниите од тие индустрии, учествуваат и релевантни експерти било да се од администрацијата (царина, министерства, агенции.. ), науката или странски експерти во дадените области, за да се достави компеттентно решение до директно до Владата. 

Share this post

Back to Blog