На февруарската редовна седница на УО на МАТТО, гостин беше министерот за транспорт и врски на Република Северна Македонија, г-динот Благој Бочварски
На седницата беа разговарани тековните деловни случувања во ресорната област, а претседателот на МАТТО, г-динот Ајдоган Адемоски го информираше министерот Бочварски за активностите на МАТТО. Акцентот беше ставен на договорот за слободна трговија помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција.
Претседавачот Адемоски, меѓудругото истакна дека МАТТО како комора постои веќе 14 години, а во комората членуваат престижни домашни компании и компании од Република Турција. Потенцирајќи дека турските инвестиции во земјата изнесуваат повеќе од 2 милијарди евра, г-дин Ајдован Адемоски го истакна силниот ангажман на MATTO за што поитно потпишување на договорот за слободна трговија што ќе овозможи реализација на оваа стратешка цел и бенефит за двете држави. Во таа насока, г-динот Ајдоган Адемоски побара и поддршка од министерот Бочварски за ажурирање на Договорот за слободна трговија меѓу Турција и Северна Македонија.
„Од големо значење е зајакнувањето на трговските односи со Турција“
Заблагодарувајќи се на МАТТО за поканата, министерот за транспорт и врски г-динот Благој Бочварски, го изрази своето задоволство што ги што се сретнува со компаниите кои придонесуваат кон поголем напредок на државата.
Помеѓу двете земји нема никакви политички проблеми и во оваа насока може да се развиваат трговските односи, изјави министерот Бочварски. Тој подвлече дека е од големо значење развивањето на трговските односи со Република Турција, која е една од најголемите економии во Европа и Азија. На тој начин ќе се овозможи поголем извоз на домашните производи во Турција, а со зголемување на турските инвестиции ќе се зголеми развојот на економијата и вработеноста во земјата.
„Транспортот со Турција треба да се подигне на највисоко ниво“
Истакнувајќи дека во наредниот период планира да оствари средба со турскиот колега, министерот за транспорт од Турција, Бочварски истакна дека транспортот меѓу двете земји треба да се зголеми на највисоко можно ниво.
„Планираме со Република Албанија да го потпишеме договорот што веќе го потпишавме со Република Бугарија за зголемување на квотата за дозволи и за обезбедување целосна трговска слобода. Ако можеме да го спроведеме овој договор со голема економија како што е Република Турција, тоа значи повеќе инвестиции од Република Турција.“ – истакна министерот Бочварски.
Министерот им се заблагодари на турските инвеститори за придонесот кон развој на локалната економија и реализираните вработувањa во компаниите, членки на МАТТО.