Посета на МАТТО од страна на делегацијата од Чорлу
Тема: Инвестиции и соработка во Северна Македонија
Претседателот на Занаетчиската комора за метални производи, електрични алати и занаетчии од Чорлу, г-дин Рустем Думан, заедно со делегацијата, во рамките на нивната Балканска бизнис-посета, ја посети Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО).
Делегацијата беше пречекана од претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, потпретседателот на МАТТО и генерален директор на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје, г-дин Фатих Шахбаз, Генерален Секретар на МАТТО, г-дин Шахпаз Молалиев, како и главниот советник на Управниот одбор на МАТТО, г-дин Турхан Адеми.
За време на посетата беа разгледани можностите за институционална соработка меѓу двете организации, инвестициските потенцијали во Северна Македонија, вработувањето на работна сила и унапредувањето на трговијата меѓу двете земји.
Двете страни ја изразија својата подготвеност за развивање заеднички проекти со цел понатамошно зајакнување на меѓусебните економски односи и се разделија со позитивни желби за идна соработка.
Taraflar, karşılıklı ekonomik ilişkilerin daha da güçlendirilmesi adına ortak projeler geliştirme konusunda olumlu temennilerle görüşmeden ayrıldı.

