Училиштето во Малатија, финансирано од MATTO, продолжува да им биде на услуга на учениците од Малатја
Поранешниот член на Управниот одборот на MATTO и поранешен директор на „Маариф Македонија“, заменик-генералниот директор на приватните образовни институции при Министерство за образование во Република Туркије, г-дин Мехмет Баран, и раководителот на одделот, г-дин Ибрахим Узунмехметоглу, го посетија средното училиште „Македонија“ заедно со покраинскиот директор, г-дин Бехчет Бакир.
Целта на посетата беше да се евалуира сработеното и идните планови.
Во соопштението на Министерството, средното училиште „Македонија“ е училиште со 24 паралелки чие привремено прифаќање беше извршено на 13.09.2023 година, и е пуштено во употреба во учебната 2023-2024 година. Ходниците, училниците, се именувани по македонските градови: Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Штип, Куманово итн.
Сепак, поради земјотресите со епицентар во Кахраманмараш, зградата на Анадолската гимназија Колукиса во регионот Јешилјурт, беше тешко оштетена и беше донесена одлука за нејзино уривање. Поради оваа причина, пред да се примат учениците во средното училиште „Македонија“, потребно беше да се овозможи зграда за учениците од Анадолската гимназија „Колукиса“. Во овој образовен објект во моментов се школуваат 580 ученици.
Средното училиште „Македонија“ ја исполни итната потреба од училиште во регионот Јешилјурт, нудејќи разни простории како што се сала за физичко образование, компјутерска работилница, повеќенаменска сала, просторија за помошно образование, научна лабораторија, менза, библиотека, музичка работилница, работилница за сликање, работилница за технолошки дизајн и трпезарија.
Со завршувањето на новата образовна зграда, гимназијата „Колукиса Анадолија“, ќе се пресели во сопствена зграда, а свои ученици ќе има и средното училиште Македонија.






