Македонско чешки бизнис форум
Република Македонија сака да ја зголеми трговијата и инвестициите со Чешка Република
Република Македонија сака да ја зголеми трговијата и инвестициите со Чешка Република
Во рамките на официјалната посета на г. Лјубомир Заоралек, Министер за надворешни работи на Република Чешка на Република Македонија , во организација на македонското Министертво за надворешни работи се одржа бизнис форум (10.02.2016)со учество на чешки и македонски компаниији, од кои, членките на МАТТО, Пуцко Петрол Д.О.О, и ХалкБанк АД Скопје оствариа билатералните средби со чешки партнери.
Домаќинот на Форумот, г. Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија, истакна дека добри политички односи се основ и за добра економска соработка. Билатерална трговија, иако зголемена за 8 % споредбено со 2015 година и сега изнесува околу 100 мил. УСА$, остава простор за севкупно унапредување на економските односи. Потенцијали за тоа унапредување, според министерот Попоски, се во зголемување на билатералната трговија, заеднички настап на трети пазари, инвестициите во енергетиката (гасификација и изградба на хидро и дистрибутивни енергетски објекти и туризам . Најава на повторно воспоставување на директна авионска врска Скопје – Прага од мај месец оваа година, е од особена важност за унапредување на деловните врски.
“Чешка Република е прва земја во ЕУ, по Велика Британија, со процентот на учество на индустријата во БНП. Развиена машинската и индустрија на разни видови на возилата и земјоделската опрема можат да бидај поле за вкрстување на интересите. Особено искуство во индустрија на гасификација, изградба на енергетсдки објекти, пречистување на воздухот и јавен сообраќај можат да бидат предмет на заеднички проекти. Чешка експортна банка е подготвена да ги поддржи чешко македонски проекти. Верувам дека заеднички можеме да се избориме со конкуретност во однос на мултинационалните компании“ – се обрати г. Лјубомир Заоралек, Министер за надворешни работи на Република Чешка на македонски и чешки компании.