Back to Blog

Посета на МАТТО од страна на претставници на Стопанската и индустриска комора на Маниса

.

Стопанската комора на Македонија-Турција –МАТТО, беше домаќин на претставниците од Комората во Маниса.
Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, ко-претседавачот на МАТТО, д-р. Билал Суџубаши, заменик претседател на МАТТО, г-дин Имер Селмани, членовите на УО, г-дин Муртеза Сулооџа и г-дин Самир Дрпљанин и главниот советник за трговија при амбасадата на Република Турција во Скопје, г-дин Огузхан Бербер, им посакаа добредојде на претставниците на Стопанската и индустриска комора на Маниса, кои ја посетија земјава како гости на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.
Претседателот на МАТТО, г-динот Ајдован Адемоски ја поздрави делегацијата и ги информираше за активностите на комората. Информациите во однос на инвестиските можности беа споделени од страна на г-динот Билал Суџубаши и г-динот Имер Селмани, додека главниот советник за трговија информираше зошто бизнисмените треба да инвестираат и тргуваат во Р.Северна Македонија.
Претседателот на собрание на Стопанската и индустриска комора на Маниса, г-дин Умит Турек, освен информирациите за можностите за инвестирање во Маниса, на присутните им го презентираше и промотивното видео за тој регион. Беше истакнато дека Стопанската комора во Маниса е една од најстарите комори во Р.Турција. По завршување на состанокот, г-динот Турек на претседателот МАТТО му подари производи карактеристични за областа Маниса. На крајот следеше групна фотографија.

Share this post

Back to Blog