Back to Blog

Г-динот Али Бахар, Претседател на Организирана Индустриска зона на Анталија (ОSB) и г-дин Беркај Бахар, копретседавач на Анталијаспорт беа во посета на МАТТО

Г-динот Али Бахар, Претседател на Организирана Индустриска зона на Анталија (ОSB) и г-дин Беркај Бахар, копретседавач на Анталијаспорт беа во посета на МАТТО.

Делегацијата беше пречекана од страна на г-дин Ајдован Адемоски, Претседател на МАТТО, г-ѓа Букет Герекчи, заменик претседател на МАТТО и извршен директор на Халк Банка, г-дин Слободан Трајков, сопственик на фирмата Елмонд Електро, член на УО, и членката на надзорен одбор, г-дин Аднан Акшар од Едта Кимја.

Претседателот, г-дин Ајдован, накратко сподели општи информации за МАТТО, меѓу кои за постојните односи меѓу двете земји, тековните инвестиции и можностите за трговија и инвестиции со Р.Северна Македонија.

На средбата се дискутираше за развој на соработка помеѓу МАТТО и Организирана Индустриска зона на Анталија (OSB), споделување на искуство помеѓу институциите, и организирање на меѓусебни посети меѓу делегациите, беше дискутирано и за евентуална посета од страна на индустријалци кои членуваат во (OSB) на Анталија,а со цел истражување на пазарот во Р.С.М. и запознавање со можностите за инвестирање како и организирање на билатерални средби.

Share this post

Back to Blog