Back to Blog

Голем број на инвеститори учествуваа на Бугарско-Турскиот трговски самит

Почесниот претседател на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), Амбасадорот на Р.Турција во Скопје, г-дин Хасан Мехмет Секизкок, г-дин Хасан Мехмет Секизкок, и претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, учествуваа на Бугарско-Турскиот трговски самит кој се одржа во Банско, Бугарија.
Бугарско-Турската трговска и индустриска комора (BULTİŞAD), Трговскиот советник на Република Турција при Амбасадата во Софија, Сојузот на комори и берзи на Р.Турција (TOBB), Деловниот совет на Турција-Бугарија (ДЕИК), Бугарската агенција за мали и средни претпријатија, и Амбасадорката на Р.Турција во Софија, г-ѓа Ајлин Секизкок, во соработка со Агенцијата за инвестиции во Бугарија, учествуваа на самиот кој се одржа на 9-10 јуни 2023 година.
Широк спектар на бизниси, претприемачи и инвеститори од Бугарија и Турција се собраа за да разговараат и да ги истражат деловните можности во регионот.
На самитот се разговараше за можностите за бизнис и партнерствата меѓу двете земји, каде што беа обезбедени и штандови со можност за претставување и секторско вмрежување меѓу компаниите од секторите за автомобилски резервни делови, градежништво и градежни материјали, метал, машини, хартија, мебел, енергија, пакување, храна, ИТ, консултантски услуги, текстил, здравство, хемија-козметика, пластика, туризам.

Share this post

Back to Blog