Back to Blog

Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) на 18.01.2022 година го оддржа своето редовно годишно Собрание.

На средбата се разговараше за реализираните активности во 2021 година и планираните активности и цели за 2022 година.

МАТТО: Договорот за слободна трговија со Турција е клучен

Во 2021 година, МАТТО спроведе студии за зајакнување на институционалната структура, стекнување нови членства, поддршка на трговските активности на членките, унапредување на македонско-турската економска соработка, како и зголемување на деловните односи и нивниот квалитет.

И во пандемиски услови, многу од членките на МАТТО активно учествуваа во општествено одговорни проекти во текот на годината.

Претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдоган Адемоски, во завршното обраќање на Собраниската седница ја истакна важноста од итно ажурирање на договорот за слободна трговија на Македонија и Турција кој е од исклучително значење за сите 76 членки на МАТТО, од кои голем дел се претставници на реномирани компании од Турција во различни сектори: банкарство, градежништво, здравство, образованието и др.

Претседателот г-дин Адемоски, во таа насока потенцира дека имплементацијата на договорот за слободна трговија е основа за реализација на поставените програмски цели и реализација на посакуваните бројки во однос на обемот на трговија помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија.

Share this post

Back to Blog