Back to Blog

Стопанска комора на Македонија-Турција-МАТТО, денес во Скопје го оддржа годишното Генералното Собрание за 2021 година.

Стопанската комора Македонија – Tурција (МАТТО) го одржа годишното Генерално Собрание на кое Претседавачот на Собранието г-ѓа  Букет Герекчи ги прзентираше активностите, приходи-расходи и извештајот на Надзорниот Одбор за 2020 година, кои беа едногласно изгласани од страна на мнозинството. Од страна на Копретседавачот на МАТТО,г-дин Билал Суџубаши беа презентирани извештаите.

Програмата за активности за 2021 година, предвидениот финансиски извештај беа едногласно одобрени. На Собранието покрај избор на новите членови на Управен и Надзорен Одбор беа едногласно одобрени и измените во Статутот.  

Претседателот на МАТТО, г-динот Ајдован Адемоски во својот говор истакна дека работата не заостана и покрај тешката 2020 година.

Стопанска комора на Македонија – Турција МАТТО која ја формиравме пред 12 години, со нови членови кои се меѓу нас, ја достигна улогата на важен мост меѓу Р.Турција и Р.Северна Македонија. Се разбира, нашиот процес на раст не се однесува само на бројките. Како резултат и на нашиот пристап кон актуелните прашања и на работата која ја извршуваме со верба и решителност со години, успеавме да станеме организација чии што мислења се ценети од страната на пошироката јавност и носителите на одлуки.

Овие достигнувања во текот на изминативе 12 години, не беа постигнати лесно. И никој не ни ги подари на златна чинија. Го постигнавме сето тоа на потешкиот начин, со големи жртвувања. Ги мобилизиравме времето и можностите што можевме да им ги посветиме на нашите сопствени компании и нашето семејство за да го зајакнеме МАТТО како комора, и истовремено да ги збогатиме активностите.

Сите активности ги спроведувавме со скромни буџети, и со спокојна совест знаејќи дека сме непристрасни.

Како MATTO, придржувајќи се до нашите принципи на волонтирање, независност и транспарентност; до денешнава позиција стигнавме преку негување на мислата да завземеме страна на теми и гледни точки, наместо на институции и лица.

Нашата сила ја добиваме од Вас, наши ценети членови, вредни деловни луѓе, кои негувате разни верби и политички ставови, и кои дејствувате за “Силна Македонија и Турција”,

Покрај прашањата за кои бевме непристрасни, имаше и такви за кои завземавме страна. На пример, полноправно членство во ЕУ. И покрај фактот што процесот за полноправното членство на Македонија во Европската унија, од време на време забавуваше, кај истиот воопшто не се забави. Континуирано продолжи нашиот контакт со највлијателната институција во деловниот свет на Унијата, инвеститорите на ЕУ. Конечно, како резултат на овие напори, влегуваме во 13-та година како многу поголемо и посилно семејство.

Секое Генерално Собрание вклучува евалуација на периодот што останува зад себе. Сепак, не е воопшто лесно да се вреднува последната година во која живееме. Зад нас оставивме година во која агендата не се менуваше месечно, ниту неделно, ниту пак дневно, туку со секој минат час. Со локалната изборна атмосфера во која острата политичка реторика беше претворена во општи избори, тешко можевме да останеме во чекор со агендата.

Додека овие настани се случуваа во земјата, и развојот на настаните надвор од нашите граници не беше многу пријатен. Пандемијата на КОВИД 19 во светот, особено во Македонија беа главни актуелности.

Следењето на оваа интензивна агенда во земјата и надвор, нè направи тажни и уморни. Овие случувања, секако, негативно влијаеја и врз нашата економија.

Но, прво имаме попис на населението, а потоа и локални избори. Ова предизвикува да се забави нашата цел за брзина на нормализација. Гледано од оваа гледна точка, ако треба да дадеме предвидување, може да се каже дека интензитетот на политичката агенда ќе ја спречи реализацијата на посакуваните реформи заради претстојните избори. Оваа ситуација се чини дека ќе влијае негативно на економијата. Во новиот период во кој ќе влеземе во споменатите услови, треба да бидеме уште повнимателни. Времето на криза повеќе влијае на МСП во споредба со големите компании. Сметам дека конкурентското опкружување може да биде нарушено доколку не се посвети посебно внимание. Верувам дека зајакнувањето на соработката помеѓу нашите членови, што секогаш треба да се прави, ќе биде од корист за сите нас и ги повикуваме сите наши членови да ја зајакнат соработката меѓу нас што е можно повеќе.

Тука би сакал да изразам дека како МАТТО ќе го следиме спроведувањето на зајакнувањето на соработката помеѓу нашите членки.

За таа цел, го утврдивме предметот на студијата оваа година, што секоја година го спроведуваме на одреден предмет, како „Активирање на соработката помеѓу членовите и зголемување на продуктивноста“.

Со цел да се задоволи потребата од квалификувана работна сила, што е меѓу најважните проблеми на деловниот свет, ние сакаме да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите универзитети и компании.

Најмногу од сè, ние сакаме да продолжиме и понатаму како единствени, сплотени, да се смееме и да тагуваме заедно. Со ова разбирање, ние, како семејство МАТTО, сме комора за пример што го исполнуваме нашиот дел во општествената одговорност.

Би сакал да потенцирам дека нашите активности не се ограничени само територијата на земјава. Ќе реализираме и посети во странство.

Ние ќе продолжиме да ги зголемуваме нашите активности во 2021 година. Планираме да реализираме посети кон земјите во регионот, Турција и трети земји.

Вработените во комората и потпретседателите имаат голема улога во реализацијата на сите овие активности. Покрај тоа, сите наши членови на Управниот одбор и нашите членови стоеа позади нас во сите наши активности. Би сакал да изразам голема благодарност до сите кои придонесоа на оваа тема.

Посебна благодарност и до нашите основачи кои ни помогнаа да бидеме каде што сме денес, и на нашите претседатели и раководители кои ги пренесоа своите должности. Упатувам срдечна благодарност до сите кои придонесоа за успехот на нашата комора во секоја фаза.

Благодарност до Претседателот на Р.Турција,г-дин Реџеп Тајјип Ердоган и Претседателот на Големото национално собрание на Р.Турција,г-дин Мустафа Шентоп.

Посочувајќи дека една од најважните цели на МАТТО е отворањето на зоната за слободна трговија во Гевгелија и проширување на опсегот на договорот за слободна трговија меѓу двете земји, истакнувајќи дека тие ќе ја зголемат економската соработка меѓу двете земји. „Со поддршка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на Големото национално собрание на Р.Турција, Мустафа Шентоп, постигнавме договор за забрзување на процедурата за спроведување на слободната трговија меѓу двете земји. Оваа прилика ја користам да Им се заблагодарам.

Share this post

Back to Blog