Back to Blog

Помеѓу 11-12 Април 2014 год. со пречек од страна на МАТТО, ДЕИК (ДТИК) Европскиот Регионален комитет оствари средба во Македонија

dtik.JPG

Помеѓу 11-12 Април 2014 год. со пречек од страна на МАТТО се оствари состанок попратен со вечера под раководство на членката на У.О на ДЕИК  Др. Мурат  Јалчинташ. Вечерта присуствуваа  Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Ѓурол Сокменсуер, Претседателот на У.О на нашата комора г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, Беџудин Шехаби Пратеник од Собрание на Р.М, Членката на Уставен суд на Р.М Салих  Мурат, Шенол Туркјилмаз Советник од Аташето за Трговија при Амбасада на Р.Турција,  Бизнис советникот на Р. Турција г-дин Нимет Огуз, турски бизнисмени, Претседатели на турски организации од граѓанското општество во Македонија и претставници на медиумите.
На организираната вечер се зборуваше околу инвестициите кои се планираат во Македонија. Членката на У.О на ДЕИК г-дин Мурат Јалчинташ, светскиот турски бизнис совет  – ДЕИК,  членките на Европскиот Регионален  комитет (ДТИК)  и регионалните турски претприемачи во Македонија остварија средба во Скопје.
Членката на У.О на ДЕИК г-дин Мурат Јалчинташ  апелираше до турските претприемачи со следниве зборови ”Целта е Турција до 2023 година да влезе помеѓу 10те најголеми економии во светот а за да се постигне оваа цел најважен е капиталот, човеките ресурси и изразениот претприемачки дух.
Всушност Јалчинташ истакна дека турските претприемачи кои живеат во странство на глобална експанзија во нашата држава гледаат на врвно ниво и најпрво целта на ДТИК,  е преку зголемувањето на квалитетот на 6 милиони луѓе кои живеат во  странство. Зајакнување на нивната способност за организација , и обединување на националните цели.
Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Ѓурол Сокменсуер истакна дека инвестициите во Македонија имаат значајна предност и оваа предност е од големо значење за турските бизнисмени.
Претседателот на У.О на нашата комора, воедно и заменик на ДТИК на балканот г-динот Туна Ејуп Кахвеџи истакна дека договорите за слободна трговија кои ги има направено Р.М и можностите за странски инвестиции во државата  се многу поволни.

IMG_2522.JPG

DSC01211.JPG
 
DSC01210.JPG
 

Share this post

Back to Blog