Промоција на туристичките капацитети на Р. Северна Македонија – Фетије и регионот Сејдикемер
–
Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) со братската Стопанска и индустриска комора на Фетије (ФТСО) на состанокот оддржан со раководството на двете комори потпиша протокол за соработка. На овој состанок беа дискутирани активностите кои треба да бидат преземени во насока на зголемување на трговската соработка и обемот на трговската размена меѓу Република Северна Македонија, Фетије и регионот Сејдикемер, особено во областа на туризмот. Раководните лица на МАТТО побараа од своите колеги и пријатели од ФТСО да дадат свој придонес за ажурирање на актуелниот договор за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Турција, при што беше истакнато дека Република Северна Македонија е отворена за извоз на свежо овошје и зеленчук.
На состанокот кој се одржа на 10 мај 2022 година, во просториите на МАТТО преку онлајн видео-конференција, учествуваа членките на Управникот одбор на МАТТО: г-дин Акан Махмут, сопственик на Караџи Турс, уредникот на издавачката куќа Јени Балкан, г-дин Муртеза Сулооџа, г-дин Џихангир Бадем, сопственик на Бадем Тур, генералниот менаџер на Double Tree By Hilton Skopje, г-дин Јуксел Мутлу, генералниот менаџер на Luxury хотелот Лимак во Скопје, г-дин Гокхан Рамазанолгу, претставникот на Пегасус за Балкан, г-дин Алтај Шабан и генералниот менаџер на Караџи Турс, г-дин Иззет Саварјего.
Од страна ФТСО учество земаа: г-дин Мехмет Ескичи, советник на УО во поморската стопанска комора со преставништво во Фетије, г-дин Орчун Сунгур, директор за развој на бизнис на аеродромот Даламан YDA, генералниот секретар на ФТСО, г-ѓа Езги Кулукчу, како и менаџерот на информативното биро за туризам на Фетије, г-дин Сафет Дундар, претседателот на УО на ФТСО, Осман Чирали, претседателот на Здружението на хотелиери на Фетије, г-дин Булент Ујсал и членот на УО на ФТСО, г-дин Рамазан Дим.
На почетокот на состанокот, претседателот на УО на ФТСО, г-дин Осман Чирали, истакна дека ФТСО дава големо значење на протоколот за соработка потпишан со МАТТО и дека преку зголемување на туризмот и трговијата ФТСО сакаа да ја круниса братската врска меѓу нашите две комори. „ФТСО силно верува дека ќе се воспостави ефикасен и ефективен мост меѓу Фетхие – Сејдикемер и Северна Македонија преку културна соработка што ќе се воспостави заедно со трговската соработка“, г-динот Чирали додаде: „Во изминатите недели остваривме средби на ниво на нашите генерални секретари и вработени. Денес би сакале овие разговори да ги подигнеме на следното ниво и да зборуваме за чекорите што можеме да ги преземеме како би имале бенефит од можностите, особено во областа на туризмот. Посакувам првиот чекор што ќе го направиме заедно во насока на соработката во областа на туризмот и идните трговски и културни соработки да биде корисен за нашите комори и региони“.
Нагласувајќи дека целта на ФТСО е да се овозможи подобро запознавање на туристичките дестинации од Северна Македонија и Фетије претседателот, г-дин Чирали истакна: „Со оваа средба, имаме за цел да ги откриеме можностите и да понудиме соодветна инвестициска средина за нашите членки преку знаењето и искуството кое ќе го стекнеме на билатерална основа. На овој начин се надеваме дека нашето братство ќе придонесе за развојот на двата региона. Се надевам дека протокололот и последователната соработка особено ќе бидат од корист за нашите комори и за двете земји“.
По претседателот Чирали, членот на УО на МАТТО, г-дин Акан Махмут информираше за активностите на МАТТО и обемот на трговијата меѓу Република Северна Македонија и Република Турција. Подвлекувајќи дека најголемата желба е да се развие трговската размена меѓу Северна Македонија и Турција, Махмут истакна дека во Северна Македонија има важни турски инвеститори и инвестиции и нагласи дека меѓу двете земји има големи инвестиции во областа на туризмот, градежништвото, текстилот, храната, здравството, банкарството, образованието и транспортот итн. „Турските инвестиции со висина од 2 милијарди долари во Северна Македонија сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во државата. Целта кон која тежнееме е да се зголеми обемот на трговската размена меѓу двете земји од 650 милиони долари за најмалку милијарда долари“, додаде во своето обраќање г-динот Акан Махмут.
На средбата, г-динот Сафет Дундар, директор на информативната канцеларија за туризам во Фетије ја претстави туристичката статистика и општата состојба во регионот на Фетије, а генералниот менаџер на Караџи Турс, г-дин Иззет Саварјего презентираше информации за туристичките региони во балканските земји, особено во Република Северна Македонија. Генералниот директор на Луксури Хотел Лимак Скопје Ѓокхан Рамазанохлу ги информираше учесниците за проектот Дајмонд Скопје и генерално за дејноста во областа на хотелиерство. Додека претставникот на “Пегасус” за Балканот Алтај Шабан информираше за авиотранспортот кон Македонија и земјите од регионот. Шабан истакна дека за летовите на релација Даламан-Скопке потребни се билатерални средби на туристичките агенции и наведе дела во Северна Македонија не постои Министерство за туризам и дека оваа иницијатива може да биде предводник во оваа насока.
Генералниот менаџер на хотелот Double Тree By Hilton Skopje, г-дин Јуксел Мутлу во своето обраќање истакна дека туристичкиот капацитет во Северна Македонија не е доволно искористен и дека со иновации во оваа област може да се привлечат повеќе туристи.
Активностите што треба да се спроведат меѓу ФТСО и МАТТО беа оценети во однос на меѓусебните посети. На овој состанок дополнително се разговараше и за зголемување на туристичкиот проток поради предностите на визниот режим, фокус на промотивни активности, меѓусебно уредување на летови меѓу земјите и врски помеѓу агенциите.
На крајот од средбата, во повикот упатен од МАТТО беше констатирано дека се очекува инвеститорите да ги искористат можностите што ги нуди Северна Македонија пред членството во ЕУ, за што се смета дека е извесно дека ќе се реализира во иднина. Исто така, беше констатирано дека Северна Македонија е отворена за извоз на свеж зеленчук, овошје и преработена храна во надворешно-трговската гранка.
Состанокот заврши со одлука да се организира нов состанок на туристичките агенции со цел да се зајакне туризмот, како и да се утврди што може да се направи во извозниот дел.






