Започнаa подготовките за авиолинијата Скопје – Даламан
На онлајн средбата одржана помеѓу Стопанската комора на Македонија-Турција, МАТТО и Стопанска и индустриска комора на Фетије, ФТСО на која беше потпишан протоколот за збратимување, беше разговарано за активностите кои треба да се превземат за воспоставување на авиолинија меѓу Скопје и Даламан и развој на соработката меѓу туристичките агенции.
На онлајн состанокот оддржан на 20.05.2022, учествуваа претседателот на Управниот одбор на ФТСО, г-дин Осман Чирали, менаџерот за маркетинг на Tуркиш Ерлајнс, Скопје, г-дин М. Угур Келче, директорот за бизнис развој на аеродромот YDA Даламан, г-дин Орчун Сунгур, извршниот директор на MATTO, г-дин Шахбаз Молалиев и генералниот секретар на ФТСО, Езги Кулукчу.
На средбата детално се разговараше за воведувањето на авио линија меѓу Скопје и Даламан во насока на развивање на соработката во областа на туризмот. Менаџерот за маркетинг на Tуркиш Ерлајнс, Скопје, г-дин М. Угур Келче изјави дека има две авиолинии дневно од Скопје до Анталија и две линии неделно до аеродромот Бодрум-Ѓулук, како и дека има многу авиолинии за Турција од регионот наречен „Балкански Боул“. Г-динот Келче изјави дека се превземаат сериозни чекори за воспоставување на авиолинии од Македонија кон Даламан со цел да се обезбеди проток на потенцијални туристи во регионот кон Фетије, при што ја нагласи важноста од спроведување на промотивни средби.
Директорот за развој на бизнисот на аеродромот YDA Даламан, г-дин Орчун Сунгур, изјави дека ќе направат сѐ што можат во однос на ова прашање и дека се отворени за соработка.
Претседателот на Управниот одбор на ФТСО, г-дин Осман Чирали, истакна дека летовите меѓу Фетије-Сејдикемер и Скопје се многу важни за развојот на туризмот. „Во рамките на протоколот за збратимување кој беше потпишан минатата година помеѓу МАТТО и ФТСО, нашите разговори за секторите каде може да се оствари соработка меѓу Скопје и Фетије, особено туризмот, продолжуваат. На 10 мај одржавме состанок на темата туризам на кој беше обезбедено широко учество. Најважно прашање за развој на туризмот е транспортот и промоцијата. Соодветно на тоа, започнавме со подготовки за воведување на летови меѓу Скопје и Даламан и соработка помеѓу турситичките агенции. Нашата ангажираност ќе биде насочена кон привлекување на туристичкиот потенцијал не само на Македонија, туку и ќе има за цел да го привлече туристичкиот потенцијал на Балканот во нашиот регион. Како комора, нашата цел е да ги споиме туристичките агенции во РСМ со агенциите на Фетије и да придонесеме за промотивни активности за туристите. Сакаме да започнеме со работа сега и во следната сезона да влеземе на пазарот со нови цели. Во оваа насока планираме да одржиме Б2Б состаноци во текот на јуни“.