Back to Blog

Делегација на МАТТО во посета на србски институции и комори

Да ли е време да се инвестира во Србија?

Двадесеточлена делегација составена од членовите на МАТТО а предводена од г. Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на МАТТО, на 6 и 7 октомври 2015 престојуваше во Република Србија за да се непосредно запозна со инвестиционата и деловната клима како и да се испитат можностите за трилатерална и регионална  деловна соработка. За време на престој посетени се Министерство за стопанство на Србија, Министерство за трговија, туризам и телекомуникации, Србска агенција за промоција на Инвестиции и извоз, Стопанската комора на Србија,  Стопанска комора на Белград, компанија Геофизика во која е сместен пројект Белград на вода, Централа на Чачанска – Халк Банка, Амбасада на Република Турција во Република Србија а се оствари и средбата со амбасадорка на Република Македонија во Република Србија.

sirbistan bas_bakanl_k laic.jpeg

Општ печаток е дека во Република Србија се во тек интензивни  регулаторни реформи кои треба да создадат поконкурентни услови за инвестирање, за водење на бизнисите како и за зголемување на производство и извоз. Како не информираа во Министерството за стопанство и Стопанската комора на Србија земјата се наоѓа во фаза на реиндустријализација а реиндустријализација бара инвестирања како од дома така и од странство. Во таа насока е укажано да преку Агенцијата за приватизација е можен пристап до преку 500 државни претпријатија, приватно јавно партнерство е еден од можни модели за инвестирање, земјата е категоризирана во четири степени на развиеноста и следствено е обезбедена директна државна поддршка на инвеститорите плус на локалните самоуправи, овисно од тоа во кој регион се наоѓа потенцијален објект на браон или грин филд  инвестиции, поддршката овиси и од потенцијалот на инвестицијата  за вработувања. Иако се даноци нешто поголеми во Србија споредено со Македонија, големина на пазарот, недовршена приватизација, геостратешката положба на земјата, едуцираниот кадар, природните ресурси и слободна трговија со ЕУ, ЕФТА, ЦЕФТА, Руската федерација, Казахстан и Белорусија и Турција создаваат амбијент кој што е преддизвик за инвестирање и ширењето на бизнисот. 

halkbank toplanti.jpeg

Во  Стопанската комора на Србија истакнаа дека секторите енергетика (електро, гас, нафта, алтернативните и топлотна енергија и енергетско рударство) градништво, текстилна индустрија, прехранбена индустрија, автомобилска индустрија,  металопреработувачка индустрија (особено машиноградба), туризам, особено хотелијерствао, се грани во кои има простор за сериозни вложувања и за кои постои внатрешен и надворешен пазар. Во Комората на Белград е добиена информација дека градот располага со инвестициониот буџет во вредност од над 17 милијарди еура а се однесува на инфраструктура, градежништво, транспорт, енергетика и водостопанство. Само пројект Белград на води вреди 3 милијарди евра и е отворен и за нашите компании.

Во Министерството за трговија, туризам и телекомуникације, министерот, г. Расим Љаљиќ, ги повика турските инвеститори да влезат во текстилна, автомобилска индустрија, хотелијерство, градежништво и трговија – изградба на шопинг центри. Тој истакна дека трилатерални иницијативи се голем предизвик за унапредување на економската соработка и пат да се зајакнат деловни капацитети за заеднички настап на трети земји.

Г. Мехмет Кемал Бозај, амбасадорот на Република Турција во Република Србија, информира дека во Србија има околу 70 турски инвестиции со вкупна вредност од 40 мииони евра. Најзначајнији инвестиции се куповина на Чачанска банка од страна на Халк банк, во текстилна индустрија (Лесковац, Владичин Хан, Крупањ) и отворање на БЕКО регионален трговински центар. Неговата оценка е дека е дојдено време да се инвестира во Србија и да, преку инвестициите се влијае врз трансформација на инвестиционо и деловно опкружување. Присаство на Халк банка во Србија е важен двигател на привлекување и следење турските инвестиции во Република Србија.

Cacansak HalkBank MATTO .JPG

buyukelciler aydogan.jpeg 

Cacansak HalkBank MATTO (41).JPG

Во сите институции разговорите течееа во пријателска и атмосфера на разбирање и споделување исти интереси и погледи кон унапредување на деловна соработка Македонија, Србија и Турција. Сите посетени институцији ги отворија вратата за понатамошна соработка со МАТТО, размена на информации и давање директна поддршка на секоја една индивидуална корпоративна потреба на членките на МАТТО.

SIEPA (11).JPG

SIEPA (12).JPG

ST Odasi (20).JPG

belgrad ticaret odasi .jpeg

Belgrade Waterfront (2).JPG

Share this post

Back to Blog