Back to Blog

Испраќање на потпретседателот на Управниот Одбор на МАТТО, г-дин Билал Суџубаши, кој ја продолжува својата професионална кариера во Р.Туркије

Во просториите на МАТТО се одржа посебен завршен состанок за  Главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје и Потпретседателот на УО на МАТТО, Доц Д-р Билал Суџубаши, кој го заврши својот мандат во Република Северна Македонија и ја продолжува својата професионална кариера во Р.Туркије

На состанокот, претседателот на УО на MATTO, г-дин Ајдован Адемоски, во име на Управниот одбор, му се заблагодари на г-дин Суџубаши за неговиот придонес и му додели плакета и специјално пенкало.

Доц Д-р Билал Суџубаши истакна дека целосно не се разделува од Република Северна Македонија и дека ќе ги продолжи врските преку различни задачи. Членките на Управниот Одбор исто така му изразија признание и благодарност.

Од 2017 година, г-дин Билал Суџубаши беше член на Управниот одбор на MATTO, а од 2020 година ја превзема функцијата потпретседател на MATTO.

Share this post

Back to Blog