Back to Blog

MATTO организираше ифтар-вечера

Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО, организира ифтар – вечера за своите фирми членки и други гости. Министерот на Република Македонија Г-дин Хади Незир, Амбасадорот на Република Турција во Скопје Г-дин Арслан Хакан Окчал и Претседатели на невладини организации присуствуваа на оваа организација.
Во врска со организацијата, Претседателот на МАТТО Почитуван Туна Ејуп Кахвеџи истакна дека вечерата е организирана по повод месецот Рамазан, и дека добрата страна на овој месец е тоа што припадници од разни националности како што се  ; македонци, албанци, турци, торбеши и бошнаци се наоѓаат на иста маса.
Покрај тоа Претседателот Кахвеџи ги потсети гостите дека на 6 Октомври е годишнината од формирањето на МАТТО. По овој повод ќе бидат организирани разни активности. МАТТО веќе го помина почетниот периодот , после ова почнува период кога МАТТО ќе стане поактивна во соработка  на стопанството помеѓу Македонија и Турција.

Share this post

Back to Blog