Посета на делегацијата на Истанбулската Федерација на здрженијата на индустријалци и бизнисмени, ( İSİFED İstanbul Sanayici ve İşadamları Dernekleri Federasyonu)
Во рамките на истражувачка мисија за услови за работа и инвестирање во Косово, Македонија и Албанија, делегацијата на İSİFED беше гостин на МАТТО (11.05.20127). Претставниците на повеќе индустрии, како што се метален и металопреработувачки сектор, текстилен, ПВЦ производи за градежништво, … Со, МАТТО, деловни и инвестициони услови во Македонија, гостите ги запознаа г. Ајдован Адемоски, претседателот, г. Алпер Ерсој и г. Есер Џевахир заменици на претседателот и г. Буњамин Кутлу, трговски советник на Република Турција во Република Македонија
Г.Адемоски, нагласи дека помеѓу двете земји се склучени 32 билатерални договори кои регулираат разни сектори на соработка ( економија, туризам, наука, војна соработка и поддршака, култура, соработка во правосуден систем, образование, соработка на одделни органи на администрација како што е царина и много други). Договор за слободна трговија, Договор за одбегнување на двојното оданочување и одбегнување на даночната евазија, Договор за заштита на инвестиции, Договор за економската соработка, поставија здрави и сигурни основи за економската и трговска соработка, истакна г. Адемоски, но очигледно е дека тоа не е доволно – потребни се и соодветни политики и мерки од двете страни, а пред се иницијативата на приватниот сектор. “ Овакви посети, како на İSİFED İstanbul Sanayici ve İşadamları Dernekleri Federasyonu , допринесуваат за актуализирање на економската соработка, подобро информирање а со тоа и реален интерес за навлегување на комнкретни соработки меѓу компаниите. Преку таа соработка може и да се генерално влијае врз унапредување на условите за соработка и инвестирање. МАТТО, во бизнис заедницата на Република Турција треба да се разбера како кредибилен локален партнер. Ние сме секогаш отворени за институционална соработка но и пружање на логистичкка подршка на конкретни барања на компаниите. “Односите помеѓу Македонија и Турција се на високо ниво. Во поглед на трговија, обемот на трговската размена помеѓу Македонија и Турција изнесува 400 милиони долари. Според мене треба да достигне до 1 милијарда долари и повеќе од тоа. Како што веќе сте инвестирале во Кајсери, во Коња, би можеле да инвестирате и во Македонија. – заклучи г. Адемоски, претседател на МАТТО.
Г. Muammer Omeroglu, претседател на İSİFED, се заблагодари за искрен и оперативен разговор. Тој рече дека İSİFED ги здружува 8 асоциации на индустријалци и бизнисмени од Истанбул, воглавно средни и мали компании и оваа мрежа броји 1200 членки фирми, од кои 60% се производни компании. Дел од членките сакаат да го прошираат бизнисот и во Македонија, било да ги основаат производни капацитети било да ја започнат трговијата.
