15 камиони со вода, јоргани и храна за бебиња се на пат за Туркије
Почесниот конзул на Република Туркије во Република Северна Македонија, г-дин Ајдован Адемоски изјави: Со придонесите на компаниите „Бас Тути Фрути“ и „Кожувчанка“ и Фондацијата „Никола Јанчев“, 15 камиони со вода, јоргани, перници и храна за бебиња тргнаа да бидат доставени до жртвите од земјотресот во Р.Туркије.
5 илјади јоргани, 10 илјади перници, 480 палети со храна за бебиња и 212 илјади шишиња со вода од 1,5 литри, донација од бизнисменот и почесен конзул на Р.Туркије во Република Северна Македонија, г-динот Ајдован Адемоски, ќе им бидат доставени на настраданите од земјотресот во Р.Туркије.
Бизнисменот Ајдован Адемоски и градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев ги испратија полни камионите со помош.
Во својата изјава г-динот Ајдован Адемоски истакна: „Би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот Јанчев што без двоумење одговори на нашиот повик. Во моментов се обидуваме да ги доставиме донациите кои им се потребни на преживеаните во земјотресот.
Македонскиот и Турскиот народ се братски народи. Се обидуваме да дадеме се од себе за да помогнеме“.
г-дин Митко Јанчев изјави: „Оваа помош е за пријателската и братска земја, Република Туркије. Нема да застанеме тука и ќе продолжиме да им помагаме на жртвите од земјотресот да си го вратат животот во нормала. Никогаш не можеме да заборавиме дека Република Турција стои покрај нас и не поддржува во секоја прилика. Покрај тоа, ние имаме братски врски како народи на двете земји“.