Back to Blog

Во организација на MATTO и Меѓународен Балкански Универзитет се оддржа настанот ”Ден на Кариера”

На настанот генералните менаџери на водечките компании, членки на МАТТО, имаа кратки презентации со цел да ги запознат студентите на Меѓународен Балкански Универзитет со своите компании и кариери.

Денес во Едукативниот центар М6 во заедничка организација на Стопанска комора на Македонија-Турција, МАТТО и Балканскиот Универзитет се оддржа настанот ”Ден на Кариера” 

Генералните менаџери на водечките компании членки на МАТТО, имаа кратки презентации со цел да ги запознат студентите на Меѓународен Балкански Универзитет со своите компании и кариери.

Ректорот на Меѓународен Балкански Универзитет, Проф.Др.Исмаил Коџајусуфоглу во своето поздравно обраќање  се заблагодари на МАТТО за дадената поддршка која ќе придонесе за иднината на студентите на универзитетот.  
Меѓународниот Балкански универитет е еден од најдобрите универзитети истакна ректорот,  оваа активност на студентите не нуди само добро образование туку и можност за студентите да стекнат добри контакти.
Копретседавачот на МАТТО г-дин Алпер Тунга Ерсој го искажа своето задоволство за организација од ваков тип во соработка помеѓу МАТТО и Меѓународен Балкански Универзитет. Тој во своето обраќање истакна дека целта на компаниите не се само инвестиции туку и инвестирање во стекнување на квалитетно образование на идните млади аркитекти. 
 
Генерален менаџер на ТАВ Македонија г-дин Алпер Тунга Ерсој, Генерален менаџер на Рамстор Македонија г-дин Ајхан Узун, г-динот Мухамед Хаџипази од човечки ресурси на Халк Банка АД Скопје, Генерален менаџер на Фортон г-дин Влатко Богоевски и Генерален менаџер на Бис Оил г-дин Имер Селмани имаа кратки презентации за своите компании и кариери.
Ректорот на Универзитетот г-дин Коџајусуфоглу на г-динот Алпер Тунга Ерсој,Копретседавач на МАТТО, му подари слика изработена од страна на студентите на универзитетот а на другите говорници им даде подароци во знак за благодарност од страна на универзитетот.  
По завршувањето на презентациите,студентите имаа можност да ги презентираат своите резимеа на претставниците од човечки ресурси на компаниите.
 
Можност за стипендирање на средношколците 
Во рамките на настанот, на средношколците на Меѓународен Балкански Универзитет им беше доделена благодарница за постигнат успех во натпревари. Исто така со испраќање на трудовите на разни факултети кои се во склоп на универзитетот на студентите им се пружи можност за добивање стипендии, 50% од стипендирање на студенти кои ќе освојат трето место, 75% за второ место и целосна стипендија на студентите кои ќе освојат прво место,.
Концерт во Дом на Арм 
Вечерва во Скопје ќе се оддржи концерт во Скопје во организација на MATTO, Меѓународен Балкански Универзитет, Јунус Емре Институт и Технички Универзитет во Истанбул. Традиционална турска музичка група при Техничкиот Универзитет во Истанбул вечер во19 часот, ќе оддржи концерт во Дом на АРМ.

Share this post

Back to Blog