Back to Blog

МАТТО, заедно со Меѓународен Балкански универзитет го оддржа настанот ’Ден на кариерата’

Меѓународен балкански универзитет кој го нуди високото образование во Македонија заедно со Стопанска комора на Македонија-Турција МАТТО на организираниот настан ги спои студентите на универзитетот со бизнисмените. Студентите покажаа голем интерес  на настанот Ден на кариерата. 

На настанот Денови на кариерата присуствуваа Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Омур Шолендил, Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи, ректорот на Меѓународниот Балкански универзитет Исмаил Коџајусуфоглу, бизнисмени и голем број на студенти.

Неколку сопственици и менаџери на престижни компании членки на МАТТО обраќајќи се на студентите дадоа многу важни информации околу своето досегашно искуство.  

,, Ќе биде корисно за нашата иднина  да се даде добар пример на нашите студенти’’.

Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Омур Шолендил истакна дека му претставува големо задоволство да присуствува на настанот Денови на кариерата кој го организира Меѓународен балкански универзитет заедно со Стопанска комора на Македонија-Турција кој ги здружи бизнисмените и студентите. Во животот на човекот,во животот на општеството еден од главните два елементи претставува образованието, а другиот  е преку образование до градење на успешна кариера. Затоа овие два елемента се важни на денешниот настан, на нашите млади како и на нашите студенти да им се даде убав пример, она што претставува предност и  имаме најмногу потреба за нашата иднина се мирот, спокојството и безбедна средина.  

МАТТО претставува една институција која ги спојува сите култури

Во врска со настанот зборуваше Претседателот на МАТТО Ејуп Кахвеџи, при што истакна дека во контекст на денешниот настан Денови на кариерата Меѓународен Балкански универзитет во соработка со МАТТО ги здружи бизнисмените со студентите. Важноста на денешниот ден претставува тоа дека ние како МАТТО сме институција која ги спојува сите вери и сите култури во Македонија. На истиот начин го прави тоа и Балканскиот Универзитет. Како елемент на верска и јазична различност ние ги користиме овие елементи како обединувачки и со заеднички цели ќе се обидеме на покажеме дека различноста на верата и националноста всушност претставува предност. Споделувајќи го ова на студентите денес сакаме да им го презентираме како модел.

Во продолжение Кахвеџи се обрати со следниве зборови: Ние денес ги здружуваме студентите со компаниите, при што воедно обезбедуваме да се види потребата за вработување како и воедно да ја изразат својата желба да работат во одредени области.

Студентите ги подготвуваме за утре

Давајќи објаснување околу темата Ректорот на Меѓународен Балкански универзитет г-дин Исмаил Коџајусуфоглу се обрати со следново: Денес познатиот центар за образование Меѓународен Балкански универзитет се сретна со светот на бизнисот. Заедно сме со Стопанска комора на Македонија-Турција и членките на МАТТО. Ги подготвуваме студентите за утре, со гордост со споделувам фактот дека ние се подготвуваме да бидат идните лидери. Со структурата на студентите на нашиот универзитет сакаме да се даде пример за зацврстување на меѓународната средина и  зближување на студентите од различни националности и религи. 

Ректорот Коџајусуфоглу во продолжение истакна дека се продолжува со градење на универзитетскиот кампус кој се очекува да се заврши следната академска година, при што извести дека ги поканува сите студенти да присуствуваат на испитот за стипендисти кој ќе се одржи на 23 април.

tek-rektor.jpg

Share this post

Back to Blog