На 2 октомври 2016 год со поддршка на МАТТО се оддржа 6тиот Светски Самит на Донер
На отварањето на Самитот кој се одржа во Хотел Континентал присуствуваа Министерот за Економија на РМ.г-дин Дритон Кучи, Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Омур Шолендил, Претседателот на Организацискиот одбор г-дин Ирфан Сојлер, Претседателот на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи и други поканети.
Со поддршка на Стопанска комора на Македонија-Турција (МАТТО) се реализира отварањето на 6тиот Светски Самит на Донер. На отварањето на самитот кој се оддржа во Хотел Континентал присуствуваа Министерот за економија г-дин Дритон Кучи, Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Омур Шолендил, Претседателот на Организацискиот комитет г-дин Ирфан Сојлер, Претседател на Стопанска комора на Македонија-Турција г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, Претседател на партијата Движење за национално единство на Турците во Македонија г-дин Ердоган Сарач, Ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет Проф.Д-р Исмаил Коџајусуфоглу бизнисмени и други поканети.
Министерот за економија г-динот Дритон Кучи на отварањето истакна дека му причинува особено задоволство што 6тиот Светски Самит на Донер се одржува токму во Скопје.
Македонската и турската кујна се многу слични истакна Кучи во својот говор, средбата на бизнисмените од двете земји на овој самит е од особено значење при што им овозможува на турските бизнисмени да ги разгледаат можностите за инвестирање.
Донерот кој припаѓа на Бурса и општина на Бурса е во пријателски односи со општина Чаир со тоа посакувам квалитетниот Донер во Бурса да пристигне и во нашите ресторанти истакна Кучи.
Кучи го заврши својот говор присетувајќи се на една случка; Присуствував на отворањето на ресторан воден од страна на албанските емигранти во Австрија. Имаше подготвено многу вкусни јадења. На отварањето ни понудија 30 грама риба, по што му кажав на својот другар да најдеме турски ресторант да се најадеме како луѓе.
Амбасадорот Шолендил во својот говор истакна дека турската кујна е највкусна кујна и дека донерот не е познат само во Турција туку и низ цел свет.
Донерот стана ммногу важна индустрија која е застапена во многу земји, производството обезбедува можности за вработување и сатисфаксија за луѓето кои уживаат во добриот вкус.