Back to Blog

МАТТО со донација од 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани

Стопанската Комора на Македонија – Турција МАТТО и нејзините членки, донираат 3.300.000 денари со цел поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Голема тага и жал не обви сите нас. Посакуваме повредените што побрзо да се опорават и да се вратат во прегратките на своите најблиски.

Длабоко сочувство до семејствата на загинатите, воедно и искрени желби за брзо опоравување на повредените.

Молитвите на членовите на МАТТО се со семејствата на настраданите и семејствата на жртвите во Кочани.

Стопанската комора на Македонија-Туркије МАТТО ќе продолжи да го поддржува Црвениот крст и неговите хуманитарни иницијативи за еднакво општество.

Share this post

Back to Blog