Back to Blog

На 05 октомври 2016 година се одржа седница на Управен Одбор на МАТТО со присуство на Претставникот на Светска банка во Македонија г-дин Бојан Шимбов и Претставник од Цефта секретаријатот во Брисел г-дин Умут Ергезер

На одржаната седница на Управен Одбор на МАТТО освен членките на Управен Одбор присуствуваа и двајца гости.  Имаше презентации за одредени теми на кои презентираа Претставникот на Светска банка во Македонија г-дин Бојан Шимбов и Претставник од Цефта секретаријатот во Брисел г-дин Умут Ергезер..

İstikrarlı Bir Hükümet Kurulursa Ekonomik Kalkınma Artacak

Во октомври месец Стопанска комора на Македонија-Турција (МАТТО) одржа седница на УО. 

На одржаната седница на Управен Одбор на МАТТО освен членките на Управен Одбор присуствуваа и двајца гости.  Имаше презентации за одредени теми на кои презентираа Преставникот на Светска банка во Македонија г-дин Бојан Шимбов и Претставник од Цефта секретаријатот во Брисел г-дин Умут Ергезер.

По воведниот говор на Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи Претставникот од Светска банка г-дин Бојан Шимбов го презентираше последниот редовен извештај на Светска банка на Југоисточна Европа.  

“Оваа година има потешкотии во економскиот развој”

Во презентацијата од Шимбов ако се погледне во делот за Македонија можеме да забележиме дека оваа година има потешкотии во економскиот развој тоа е така поради тековната политичка криза во земјата и гледаме дека тоа влијае на директните странски инвестиции.  И  оваа година како основен елемент на економскиот развој во Македонија претставува потрошувачката во приватните и јавни површини. Исто така можеме да забележиме зголемување на платите на вработените во јавниот сектор  и на други социјални плаќања како што се пензиите. Кога ќе погледнеме во областа на вработувањата гледаме намалување на невработеноста во земјата. Сепак, во областите кои нудат можности за нови вработувања можеме да видиме дека се става акцент на даночните олеснувања.

Во продолжение на презентацијата Шимбов истакна  дека севкупниот економски развој во овој регион во споредба со минатата година е зголемен, но ако гледаме на Македонија во споредба со минатата година можеме да кажеме дека има пад на економскиот развој. Главните елементи на економскиот развој во регионот се странските инвестиции. И покрај зголемените странските инвестиции во последните 5 години во Македонија и покрај порастот во регионот оваа година можеме да забележиме дека странските инвестиции се намалени.

Во 2016 година стапката на невработеност се намали 

Во презентацијата во областа на невработеноста во Македонија за 2016 година стана збор и за причините на невработеност. 

Шимбов кажа дека кога ќе се процени невработеноста во 2016 год можеме да кажеме дека стапката на невработеност се намалува сепак, соочени сме со различна состојба во споредба со минатата година.  Оваа година, стапката на невработеност на младите луѓе е во пораст. Тука има две важни точки кои треба да се споменат. Првата е намалување на стапката на активно население и намалување на потенцијалот на работна сила со што оваа бројка е падната од 2012 година. Колку и да има причини за оваа состојба во овој контекст особено би сакал да споменам два елементи. Едниот е долго чекање за вработување губење на самодовербата а со тоа и губење на желбата за вработување додека пак вториот елемент е миграцијата.

“Доколку се формира стабилна влада ќе настане и зголемување на економскиот развој”

Во последните години ако детално го процениме економскиот развој можеме да утврдиме дека главен елемент претставува градежништвото. 

Претставникот на Светска банка во Македонија г-дин Бојам Шимбов кажа дека доколку има избори во декември и доколку после изборите се формира стабилна влада можеме да очекуваме раст од 3,3 отсто во 2017 год и 3,7 отсто во 2018 год. Опасностите што може да се случат во оваа насока е нестабилноста на меѓународните пазари, зголемување на основната каматна стапка во САД, намален раст во Грција, и политичките тензии во регионот на  Република Турција која претставува економски партнер во регионот.

“ЕУ и Турција најважни партнери на земјите на CEFTA”                                                                 

Во продолжение на состанокот вториот гостин претставникот на Цефта секретаријатот во Брисел г-дин Умут Ергезер направи презентација околу креирање на економската политика зо земјите на ЦЕФТА.  

Во презентацијата г-динот Ергезер давајќи информации околу ЦЕФТА, кажа дека постојат регионални трговски договори на ЦЕФТА потпишани со 7 земји. Овие 7 земји имаат потпишано билатерални договори за слободна трговија со други страни. Најважни партнери се земјите на ЕУ, земјите на ЕФТА и Турција. Кога ќе погледнеме на просечниот удел во трговијата  најголем трговски партнер на секоја држава во рамките на Европската унија има 60 отсто, вториот трговски партнер земјите на ЦЕФТА имаат 20 отсто и 20 проценти од акциите се дистрибуираат помеѓу ЕФТА и Турција. ” Во продолжение г-динот Ергезер кажа дека “Преговорите за либерализација на трговијата со услуги, ќе резултира со резултати на крајот на оваа година.Преговорите за нов договор за олеснување на трговијата се завршени. Се надеваме дека во декември ќе се изгласа овој договор и на средина на следната година ќе стапи на сила. Договорот за олеснување на трговијата во рамите на Светската трговска организација ќе биде многу повеќе  од договор.

’’Медика Истанбул новата членка на МАТТО’’

На седницата на Управен одбор на МАТТО присуствуваше и новата членка на Управен одбор г-динот Мурат Динчер, сопственик на болницата Медика Истанбул. Г-динот Динчер презентираше околу новата турска инвестиција и даде информации околу отварањето на болницата кое ќе биде следна недела во Тетово. 

Динчер во своето обраќање кажа дека во Медицинскиот центар Медика во Истанбул нудат широк спектар на услуги каде работат 35 професори доктори од разни области. Овој концепт во поширока смисла планираме да го реализираме во Македонија, како болница ќе започнеме да нудиме услуги од типот на мали и средни операции на срце, радилогија и воведување на втор уред во земјата за лекување на заболувања од рак. 

На седницата на Управен Одбор на МАТТО одржана во месец октомври имаше разни точки на дневен ред..

https://youtu.be/FIkwWEnCNr8 

Share this post

Back to Blog