ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР СО ПОЧЕСНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Г-ДИН ФАТМИР БЕСИМИ
На 2 Март 2010 година беше организирана седница на Членовите на Управниот одбор на МАТТО на која учествуваше Почесниот претседател, Министерот за економија на Република Македонија, Почитиван г-дин Фатмир Бесими. На средбата беше дискутирано во врска со економската состојба во Македонија и кризата. Исто така покрај дадените одговори на прашањата на Членовите на Управниот одбор во врска со проблемите кои се соочуваат, Министерот Бесими дискутураше и за мерките кои ќе бидат превземени за кризата. Почитуваниот Министер истакна дека ќе направи се што е потребно за да се остварува подобра соработка.