Back to Blog

МАТТО додели плакети на двајца членови на УО на кои им истече мандатот

Претседателот на Стопанската Комора на Македонија-Турција (MATTO), г-дин Ајдован Адемоски, на двајца членови на УО, чиј мандат заврши денес, им додели плакети за нивните придонеси.
Метин Батак, кој е член на УО на МАТТО, како генерален директор на ТАВ Македонија, ја прими плакетата што ја врачи г-дин Адемоски и ја изрази својата благодарност што долги години работи во Македонија.

Г-дин Огузхан Бербер, главен комерцијален советник на Амбасадата на Република Турција во Скопје,за време на неговиот престој во Македонија, како почесен член на Одборот придонесе во работењето на МАТТО.
При врачувањето на плакетата на главниот трговски советник г-дин Огузхан Бербер, г-дин Адемоски ја изрази својата благодарност за неговиот придонес во МАТТО.

Share this post

Back to Blog