На ден 13 Јуни 2012 година со учество на МАТТО и Активностите на Кркларели во Македонија се одржа конференција за можностите за инвестиции во Р.Македонија и во областа Тракија (Kркларели)
На ден 13 Јуни 2012 година со учество на Стопанската Комора на Македонија- Турција МАТТО и Активностите на Кркларели во Македонија во Хотелот СтонБриџ со учество на Државни министри и потсекретари на Р.Македонија се ордржа конференција за регионалните можности за инвестиции.
Говорители на конференцијата беа Валијата на Кркларели г-дин Мустафа Јаман, Министерот за безресор на Р.Македонија г-дин Хади Незир и Бил Павлевски, се зборуваше околу пријателството помеѓу двете држави, и можностите за инвестирање.
Говореа и генералниот секретар на агенцијата за развој г-дин М.Ѓокај Устун, Провинцискиот директор на индустрија Наука и технологија Ѓултекин Хади, Претседателот на комората за трговија и индустрија Кркларели г-дин Ертугрул Зија Четинташ, Член на Турската млада бизнис асоцијација г-дин Омер Кахвеџи, Шенол Туркјилмаз од Аташето за трговија при Турска Амбасада во Р.Македонија, Претседателот на Стопанската комора на Македонија-Турција г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, Директорот на технолошки индустриски развојни зони –г-дин Един Факич и Борјан Борозанов од агенцијата за странски инвестиции дадоа информации за поволностите за инвестирање во Р.Македонија и направија споредба помеѓу двете земји. Исто така разговараа за инвестициите и можностите за соработка.



