Back to Blog

Посета на МАТТО од страна на Одборот на жени претприемачи од Коџаели,Р.Турција

Членовите на одборот на жени претприемачи од Коџаели, Р.Турција, во рамките на денешната посета на РСМ, ја посетија Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО).
Жените претприемачи кои се активни во секторите пластика, храна, софтверска информатика, консултантски услуги за образование, готова облека, ракотворби, додатоци за накит и други области, беа пречекани од страна на ко-претседавачот на МАТТО, г-дин Билал Суџубаши и главен извршен директор на Халкбанка Македонија, Др. Билал Суџубаши.
На средбата учествуваа и жени претставници на компаниите членки на МАТТО.
Г-динот Суџубаши, кој меѓудругото ги информираше гостите од Коџаели за активностите на МАТТО, истакна дека вредноста на турските инвестиции во Македонија изнесува 2 милијарди долари и дека МАТТО обезбедува над 25 илјади вработувања во земјава.
Г-динот Суџубаши истакна дека до минатата година целта кон која тежнееме е да се зголеми обемот на трговската размена меѓу двете земји, кој до минатата година достигна 1 милијарда, оваа година се зголеми на 2 милијарди долари.
Претседателката на одборот на жени претприемачи во Коџаели, г-ѓа Нурџан Бабалик изјави дека нивната главна цел како одбор е да им овозможат на жените да земат активно учество во економијата. Бабалик истакна дека со оваа посета сакаат да ја зголемат соработката во странство и дека имаат за цел во оваа насока да го отворат патот на жените претприемачи.
Главниот трговски советник во Турската амбасада во Скопје, г-дин Огузхан Бербер, на жените претприемачи им ги претстави можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.

Share this post

Back to Blog