Делегација на МАТТО оствари средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија
Серафимовски: Сакаме да отвориме ново поглавје во односите со Турција
Делегација на МАТТО оствари средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Борче Серафимовски. На средбата беа разгледани ажурирањето на Договорот за слободна трговија (ДСТ) меѓу Турција и Северна Македонија, соработката во земјоделството и можностите за турските инвеститори.
Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО) продолжува со своите средби на високо ниво во Северна Македонија. Во таа насока, делегација на МАТТО го посети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во кабинетот на Министерството.
Во рамки на средбата, со цел унапредување на економските односи меѓу Турција и Северна Македонија, беа разгледани можностите за ажурирање на Договорот за слободна трговија (ДСТ), како и земјоделските политики на земјата, секторските стратегии и плановите за наредниот период.
Серафимовски: Подготвени сме за соработка
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, истакна дека постои желба за отворање ново поле на соработка во односите со Турција. Во таа насока, посочи дека неодамна остварил средба и со амбасадорот на Турција во Скопје, Алпер Акташ, нагласувајќи дека контактите меѓу двете земји продолжуваат.
Серафимовски, исто така, изрази подготвеност за соработка со Халкбанк во насока на развивање мали и средни кредитни можности наменети за земјоделците.
Адемоски: Треба да се задржи отворен пристапот за турските инвеститори
Претседателот на МАТТО, Ајдоган Адемоски, на средбата ги презентираше пред министерот Серафимовски проблемите и очекувањата со кои се соочуваат компаниите-членки на Комората во земјоделскиот сектор.
Адемоски ја истакна важноста Северна Македонија да одржува отворена и атрактивна инвестициска клима, особено за турските инвеститори. Тој нагласи дека членовите на МАТТО се подготвени да ги споделат своето знаење, искуство и експертиза во областа на земјоделството, со цел да придонесат за развојот на земјата.
Делегација на МАТТО со широко учество
На средбата присуствуваа претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, потпретседателот Фатих Шахбаз, заменик-претседателот Имер Селмани, членовите на Управниот одбор Али Мушфик Созер, Халил Иса, Муртеза Сулоока и Мухамед Топал, членот на МАТТО Емир Кочан, како и извршниот директор Шахпаз Молалиев.
Се очекува средбата да придонесе кон понатамошно унапредување на економските односи меѓу Турција и Северна Македонија преку земјоделскиот сектор и создавање нови можности за соработка.









