МАТТО ja оддржа седницата на Редовното Собрание на 24-ти јануари 2018 година
На Редовното Собрание кое го водеше г-динот Ејуп Учак, кој беше избран како Претседавач на Собрание, присуствуваа членовите на Управниот Одбор на МАТТО и членовите на Собрание.
Редовното Собрание на МАТТО се оддржа во просториите на Halkbank Bussinnes Center. На Редовното Собрание кое го водеше г-динот Ејуп Учак, кој беше избран како Претседавач на Собрание, присуствуваа членовите на Управниот Одбор на МАТТО и членовите на Собрание.
Г-динот Алпер Тунга Ерсој, Копретседавач на МАТТО, ги презентираше активностите на МАТТО за 2017 година и Програмските активности на МАТТО за 2018 година. Констатирано е дека МАТТО во 2017 година ги исполни своите програмски задачи како спрема членството така и спрема македонската и турската држава во смисла зајакнување на билатеалните економски и други односи. И во 2018 година, програмските активности се насочени кон институционално зајакнување на МАТТО, поддршка на членките во развојот на бизнис активностите и промовирање бизнис и инвестициона клима на Македонија во Турција и трети земји.
Г-динот Мустафа Муратоглу, член на Надзорен Одбор на присутните членки го презентираше финансискиот извештај на МАТТО за 2017 година, при што беше ставен на гласање буџетот и програмата на активности за 2018 година, кои беа прифатени од страна на членовите на Собрание.
Г-динот Ајдован Адемоски, Претседател на МАТТО, се заблагодари на присутните членки за придонес кон MATTO, со констатација дека во изминатата година МАТТО го оствари институционално зајакнување преку јавно приватен дијалог на највисоко ниво како во земјата така и во Република Турција; со организирање на директни билатерални деловни односи помеѓу членките и други македонски компании со турските комори и компани; со редовно и навремено информирање на членството и пружање поддршката според конкретни потреби;со промовирање општествена одговорност со поддршка на социјални активности меѓу кои се и стипендирање на ученици и студенти,и со соработка со медиумите. Преселување во новите деловни простории исто така создадоа подобар логистички капацитет но и подобар професионален имиџ на МАТТО.
Г-динот Ајдован Адемоски,нагласи дека фокусот на МАТТО активности, покрај другото, ќе биде лобирање за ревизија на Договорот за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Република Турција за да се поттикне трговската и друга економска билатерална соработка и унапредување на членството. “Членството е прашање на репрезентативноста – односно капацитет на МАТТО за претставување и лобирање. Ценам дека нашето членство треба да се зголеми со компании во капацитетот да бидат растечки и да се општествено одговорни и да го водат бизнис со интегритет – “еснаф” членки. Освен репрезентативноста, зголемување на бројот на членките е и од финансиското значење. Затоа, во нашата програма оваа година, планираме воспоставување и развивање на деловни односи со регионите и зголемување на членството со основање на МАТТО Бизнис Клубови”- исдтакна г . Адемоски.
Во дискусијата која следеше, членката на МАТТО, г. Слободан Трајков, соспственик на компанијата ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО предложи да се спроведе анкета меѓу членството во однос на согледување на нивните потреби и очекувања од МАТТО а членката г. Златко Богоевски, сопственик на КВАДРОШПЕД, повика на поголема деловна соработка помеѓу самите членки на МАТТО.