Back to Blog

Со поддршка на МАТТО, повеќе од 120 деловни луѓе, владини институции, невладини организации и претставници на различни институции од Република Северна Македонија учествуваа на 10-тиот Конгрес на ДТИК.

Во рамките на 10-тиот Конгрес на ДТИК, МАТТО одржа билатерални средби со многу компании
Голем интерес за Македонија беше покажан на 10-от Конгрес на Светскиот турски деловен совет што викендов се одржа во Конгресниот центар Истанбул Халич.
Делегацијата на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) оствари средби со многу компании учесници на конгресот, при што беа опфатени билатералниот бизнис развој, соработката и можностите за инвестирање.

„Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), во рамките на 10-тиот Конгрес на Светскиот турски деловен совет (DTİK) одржан во Конгресниот центар во Истанбул Халич на 15-16 септември 2023 година, со учество на Претседателот на Р.Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, одржа состаноци за билатерален развој на бизнисот, соработки и можности за инвестирање со турската дијаспора, која има развиено деловни односи и продлабочени економски врски низ целиот свет, особено со извозниците чиј производствен центар е Турција, институции и организации кои учествуваат од сите четири континенти во светот, како и повеќе од 50 компании инвеститори. МАТТО продолжува да ги зајакнува деловните односи и економското вмрежување со компаниите потенцијални инвеститори на глобално ниво и да ги промовира можностите за инвестирање во Северна Македонија на глобално ниво.

Во рамките на 10. Конгрес на Светскиот турски деловен совет се одржаа избори на кои Копретседавачот на МАТТО г-дин Билал Суџубаши, и Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје беше избран да ја претставува Република Северна Македонија, како кандидат на Претседателските избори на Светскиот турски деловен совет – DTİK, Претставнички избори во земјата и претседателски избори на регионалниот комитет.
Суџубаши беше назначен за претставник на Северна Македонија и за потпретседател на Балканскиот регионален комитет.

Share this post

Back to Blog