Претседателот на МАТТО Кахвеџи присуствуваше на 18-тиот Евроазиски Економски Самит
Помеѓу 7-9 април 2015 година на 18-тиот Евроазиски Економски Самит кој беше во организација од страна на Фондацијата Мармара во Истанбул заедно со официјалната делегација на Претседателот на Р.М присуствуваа Почитуваниот Претседател на Република Македонија г-динот Ѓорге Иванов и Претседателот на Управен Одбор на комората г-дин Туна Ејуп Кахвеџи.
За време на самитот Претседателот на државата г-дин Ѓорге Иванов, Државните министри Фуркан Чако и Џери Наумоф ги презентираа можностите за инвестирање на турските инвеститори.
На состанокот на кој имаше значителен интерес од страна на бизнисмените, Претседателот Иванов и државните министри им одговорија на прашањата кои беа поставени од нивна страна.

