23 Nisan 2012 tarihlerindeНа 23 Април 2012 година. МАТТО потпиша протокол за соработка со Стопанска комора за трговија и индустрија на БИГА MATTO, BİGA Ticaret ve Sanayi Odası ile işbirliği protokolü imzaladı
На 23 Април 2012 година Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО беше посетена од страна на Стопанска комора за трговија и индустрија на БИГА која ја сочинуваат Претседателот на Управниот одбор г-дин Тунчај ЈАШАР, Претседател на собрание г-дин Хасан ПИРНАЛ, Заменик претседател на Управен одбор г-дин Мехмет ЏАНПОЛАТ заедно со уште 12 членови на комората.
Состанокот го водеа Заменик претседателот на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО одговорен за односите со Владата и бирократијата на Република Македонија г-дин Ејуп УЧАК и г-дин Максут Карајалчин одговорен Потпретседател на Сојузот на Стопански Берзи на стока од Турција.
Г-динот Ејуп УЧАК ги објасни можностите за оданочување помеѓу двете земји и поволностите за работа во Македонија.
Додека пак г-дин Максут КАРАЈАЛЧИН го започна својот говор посакувајќи им топло добредојде на сите присутни.
Тој накратко објасни за турските фирми кои инвестирале во Македонија.
Во своето обраќање пред присутните наведе дека Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО постои од 2008 година.
На отварањето на комората присуствуваше и тогашниот Претседател на собранието на Р.Турција г-дин Коксал ТОПТАН.
Стопанската комора на Македонија – Турција МАТТО на чело со Претседателот на Управниот Одбор г-дин Туна Ејуп КАХВЕЏИ стана мост за инвестиции и меѓусебни трговски размени помеѓу Македонија и Турција.
Во продолжение на своето обраќање г-дин Максут КАРАЈАЛЧИН објасни дека турските инвестиции во Р.Македонија се од големи размери и сподели неколку од нив.
ТАВ Холдинг, Џевахир Холдинг, Суташ, Лимак, Халк Банка а покрај овие има и уште 100 други мали и средни претпријатија кои инвестирале во Р. Македонија
Македонија има вкупно 2.5 милиони жители. Земајќи го во предвид малиот број на жители Македонија како земја е од голема важност. Таа е земја која се наоѓа во средината на Европа. Македoнија е врата кон европскиот пазар.
Во 2011 година Обемот на трговската размена со Р.Турција изнасуваше 500 милиони долари.
Се предвидува да се зголеми Обемот на трговската размена со Р.Турција во 2012 година за околу 1 милјарда долари.
Г-дин Максут КАРАЈАЛЧИН го заврши своето обраќање на тој начин што им се заблагодари на Претседателот на Стопанска комора за трговија и индустрија на БИГА г-дин Тунчај ЈАШАР и на членовите на Управниот одбор за својата посета.
Делегацијата од БИГА побараа подетални информации за секторите Сточарство, Оваштарство, Земјоделство и Рударство.
На крајот се потпиша протокол за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО и Стопанска комора за трговија и индустрија на БИГА.