г-ѓa. Душанка Дивјак Томиќ, Aмбасадор на Р.Србија во Република Македонија во посета на МАТТО
“Турските инвеститори од Република Македонија го одбраа прав момент за посета на Р.Србија”
г-дин. Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на Стопанска комора на Македонија – Турција (МАТТО), ја прими г-ѓa. Душанка Дивјак Томиќ, амбасадор на Република Србија во Република Македонија, заедно со г-дин Ејуп Учак, член на УО на МАТТО, при нејзина посета на Комората , и и се заблагодари за поддршката во подготовките на посета на МАТТО делегацијата на институциите и Коморите во Србија. г-дин Кахвеџи, од име на делегацијата го изрази задоволство од посетата, од приемот во институциите и коморите како и од исцрпни информации за можностите за инвестирање и подршките што Владата на Република Србија ги применува со цел привлекување на странскиот капитал. “ Со оглед на искуството стекнато во Македонија, цениме да за неколку години, сегашните 40 мил. Еура турски инвестиции можат да се учетворостручаат“ истакна г-дин Кахвеџи.
г-ѓa. Душанка Дивјак Томиќ, амбасадор на Република Србија во Република Македонија, даде оценка дека посетата и интерес за Србија е во право време бидејќи државата го реформира инвестициони и деловниот амбиент, што треба да се заврши до крајот на годината, воведувајќи систем на многу погодности и стимулации за да се инвестира во производство и ангажирање на работна сила, да се зголемат вработувањата, но и развој на рурални и недоволно развиени региони.
г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, истакна дека МАТТО е во фаза на испитување на конкретни инвестициони можности и конкретни инвестициони локации и проекти. “Како потпретседател на Бордод за Балкан, во рамките на ДЕИК (Одбор за односи со странство), знам дека турската влада ќе ги подржи сите наши конкретни иницијативи за вложување во Србија, а ние ќе ја олесниме и комуникацијата помеѓу Србската и Турската влада со конкретни предлози за унапредување на турските инвестиции во Србије. Веруваме дека фазата на испитување и анализа ќе ја завршиме до новата година, и дека од јануари 2016-та ќе почнеме со конкретните инврстициони активности”.
г-ѓa. Душанка Дивјак Томиќ, амбасадор, изрази задоволство од планирана ефикасност и на крајот од разговорот истакна дека Турција е огромен инвестиционен потенцијал за Србија но верува и дека Србија е потенцијал за вложувања согласно нејзината геостратешката положба, природните и човечките ресурси. Во таа смисла, г-ѓa. Душанка Дивјак Томиќ, амбасадорот на Република Србија во Република Македонија, ја искажа отвореност на амбасадата за секоја поддршка на турските инвеститори.
