Back to Blog

Членките на МАТТО, во посета на конзорциумот Bechtel & Enka

Амбасадорот Улусој: Проектот што го реализира конзорциумот Bechtel & Enka е од голема важност и значење за оваа земја – претставува еден многу вреден и стратешки проект.

Со учество на почесниот претседател на Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) и амбасадорот на Република Туркије во Скопје, г. Фатих Улусој, под водство на потпретседателот на МАТТО, г-дин Билал Суџубаши, членките на Управниот одбор на МАТТО го посетија градилиштето и теренските активности на автопатот Коридор 8, кој го изведува конзорциумот Bechtel & Enka.

За време на посетата, беа разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу членките. Домаќин беше претставникот на ENKA, г-дин Џанберк Атила, а присуствуваше и г-дин Џош Бејкер, проектен менаџер на Bechtel Enka UK Limited 2.

На информативниот состанок одржан на самото градилиште, беа презентирани информации за самиот конзорциум, како и детални податоци за тековните активности во Република Северна Македонија.

Амбасадорот Улусој: Турските компании, особено во секторот за градежништво и инфраструктура, уживаат одлична репутација ширум светот

Во своето обраќање, амбасадорот на Република Туркије во Скопје, г. Фатих Улусој, истакна:
„Турските компании, особено оние во секторот за градежништво и инфраструктура, имаат одлична репутација низ целиот свет. Познати се по тоа што за кратко време обезбедуваат ефикасни и практични решенија, а ако нема пречки надвор од нивна контрола, проектите ги завршуваат со исклучителна брзина. Притоа, нудат многу квалитетни решенија со одличен баланс помеѓу цената и квалитетот. Горди сме на сите наши компании.“

„Проектот што го реализира конзорциумот Bechtel & Enka е од голема важност и значење за оваа земја и претставува еден многу вреден и стратешки проект. Како амбасадор, особено сум радосен и горд што сум дел од него, и е една турска компанија. Присуството на членките на МАТТО на оваа локација, како и нивниот интерес за соработка, е нешто што го цениме и силно го поддржуваме.“

„Р.Туркије веќе има силно присуство во Република Северна Македонија – преку своите банки, градежни компании, институции во образованието и здравството. И во иднина, турските институции и компании ќе продолжат да даваат свој придонес во оваа пријателска и сојузничка земја, а ние тоа ќе го поддржуваме и ќе ги охрабруваме нашите компании.“

„Нашата цел во наредниот период е да го зголемиме бројот на турските компании во земјата, како и бројот на проектите што тие ги реализираат“, истакна Улусој.

Суџубаши: „Ако сме семејство и дел од заедничка економска структура, тогаш да ги зајакнеме меѓусебните соработки“

Потпретседателот на МАТТО и генерален директор на Халкбанк Скопје, г-дин Билал Суџубаши, во своето обраќање до присутните истакна:
„Ако сме едно семејство, ако сме дел од заедничка економска структура, тогаш треба да ги зајакнеме и да ги зголемиме меѓусебните соработки. Несомнено, ENKA тука ќе има потреба од разни подизведувачи, а меѓу нашите членки на МАТТО има компании кои можат да ги понудат тие услуги. Со зголемување на соработките и создавање поголема синергија, ќе го унапредиме МАТТО, а фирмите кои работат на теренот ќе најдат сигурни партнери под подобри услови.“

По обраќањата, беа посетени повеќе точки на градилиштето каде што од прва рака беа добиени информации за напредокот на работите.

Share this post

Back to Blog