23 Јуни 2015, Ифтарската вечер во организација на МАТТО
Религии се можност за дијалог и емпатија исто како и економија
Стопанска комора на Македонија и Турција МАТТО – сношти, во хотелот Стон Бриџ, беше домаќин на г. Ѓорѓи Иванов, претседател на РМ, г. Владимир Пешевски, заменик премиер за економски прашања, г. Диме Спасов, министер за труд и социјала, г. Фуркан Чако, министер без ресор, г. Онур Шолендил, амбасадор на Република Турција во Република Макдонија, преставници на странски амбасади во Македонија, г. Хуан Педро Наваро, претседател на Советот на странските инвиститори во Република Македонија, како и за другите 100 повикани преставници на владините служби во функција на економија, јавно тужилаштво, високото образование, граѓански и други невладини организации, турски инвеститори во Македонија и други компании членки на МАТТО.
Заблагодарувајќи се на гостите за прифаќање на поканата за Ифтар вечерата, г. Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на МАТТО нагласи дека од индивидуален и општествен поглед Ифтарите преставуваат еден од важните моменти на доживување братството и единството, атмосфера на емпатија. “Религиите всушност не претставуваат причина за делби токму напротив тие преставуваат повод на спојување на доброто, а што може да се заклучи од вечерашната средба“ – истакна г.Кахвеџи.
Во своето обраќање, претседателот на Републиак Македонија Иванов честитајќи на исламските верници Рамазанските пости, истакна дека Стопанска комора на Македонија – Турција МАТТО преставува економски, но и културен мост меѓу Македонија и Турција. Токму успешната економска соработка е израз на актуелните потреби но и одраз на традиционалните врски, заемно почитување и пријателството. Претседател Иванов. Македонската традиција е втемелена врз искуството на нашето многуетничко, многурелигиско и меѓујазично општество кое овозможува коегзистенција.
Г. Онур Шолендил, амбасадор на Република Турција во Република Макдонија, му се заблагодари на претседател Иванов што преставува пионер на дијалогот помеѓу цивилизациите, и заедно со другите државни преставници дава приодонес да односи меѓу Република Турција и Република Македонија бидат убав пример за таков дијалог.