Експерт на Светска банка во Македонија. Бојан Шимбов во МАТТО, го претстави извештајот на Светската банка за економски раст за 2017 година за Македонија и предвидувањата за 2018 година
Денес во просториите на МАТТО, Г. Бојан Шимбов, економист за Република Мaкедонија во Светската Бaнка, канцеларија во Скопје, денес го презентираше 13иот Економскиот извештај за Западен Балкан (Албаниа, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија) за 2017 година со предвидувања за 2018 година.

Иако растот на НБП во 2017, за Македонија изнесуваше 0% , пред се поради политичката нестабилност, намалени директни странски инвестиции, намалени јавни инвестиции, во 2018 се предвидува раст од 2,3 а во 2019 2,7.
На настанот земаа учество претставници на ХАЛКБАНК, Лимак, Балкански универзитет (професори и асистенти), г. Гуркан Гзер, економскиот советник во амбасда на Република Турција и г. Буњамин Кутлу, трговско аташе на Република Турција во Република Македонија.
13-от Економскиот извештај на Светската Банка за Западен Балкан е на следниот линк
http://pubdocs.worldbank.org/en/701051523374120261/WBRER13-10Apr2018.pdf