Делегацијата на МАТТО оствари официјална работна посета кај Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески
Делегацијата на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) оствари официјална протоколарна посета кај Градоначалникот на Општина Аеродром, г-дин Дејан Митески. За време на средбата беа претставени активностите на МАТТО, развиената соработка со општините и државните институции, како и можностите за реализација на заеднички проекти.
Делегацијата на МАТТО изврши детална презентација за работата на Комората, механизмите за институционална соработка меѓу Турција и Северна Македонија, како и иницијативите за поддршка на јавнo-приватните партнерства.
Разговорите опфатија и теми како урбан развој, инфраструктурни инвестиции, одржливи практики во локалната самоуправа и потенцијалните инвестициони можности.
Градоначалникот Дејан Митески истакна:
„Денеска со голема чест ја пречекавме делегацијата на МАТТО. На средбата со делегацијата предводена од Претседателот Ајдован Адемоски разговаравме за досегашната успешна соработка и новите перспективи пред нас.
Иако партнерството меѓу Општина Аеродром и МАТТО веќе е на високо и продуктивно ниво, денешната средба отвори нови можности за проширување – нови проекти, економски иницијативи и заеднички активности кои ќе донесат дополнителни придобивки за нашата локална заедница. Благодарни сме за укажаната доверба и со оптимизам гледаме кон идните можности.”
На средбата беше потенцирана и иницијативата предводена од МАТТО за пренесување на модерните турски искуства во локалната самоуправа, со акцент на воспоставување партнерски и братски односи меѓу општините во рамки на концептот за поблиска меѓуопштинска соработка.
Во делегацијата на МАТТО присуствуваа: Претседателот на Управниот одбор Ајдоѓан Адемоски, Потпретседателите Имер Селмани и Марија Томеска, Член на Управниот одбор Михо Јаневски, Член на Извршниот одбор на Халкбанк Александар Илов и Извршниот директор на МАТТО Шахпаз Молалиeв.
МАТТО ќе продолжи активно да работи на унапредување на трговската, економската и институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Турција преку интензивни контакти со општините и државните институции.



