Back to Blog

Работна посета на Делегација на МАТТО во Општина Кисела Вода

Делегација на Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО) оствари протоколарна посета кај новоизбраната Градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓа Бети Стаменкоска Трајкоска.

За време на средбата се дискутираше за постојните и планираните инвестициски можности во рамките на општината, зајакнување на јавно-приватните партнерства, развој на инфраструктурни проекти, унапредување на туристичките капацитети, како и економскиот потенцијал на новите урбанистички зони кои ќе бидат ставени во фаза на имарно планирање.

Дополнително, на состанокот беа разменети информации за моделите на јавнo–приватни партнерства (ЈПП) за поддршка на локалниот економски развој, механизмите за поттикнување на инвестиции, како и приоритетните проектни области на Општината.

Во делегацијата на МАТТО учествуваа: г.Ајдован АДЕМОСКИ, Претседателот на Управниот одбор на МАТТО, г.Фатих ШАХБАЗ, Потпретседател на МАТТО и Генералниот директор на Халкбанк , г.Имер СЕЛМАНИ, Заменик-претседателот на МАТТО и Сопственик на Bis Oil и г.Шахпаз МОЛАЛИЕВ, Извршниот директор на МАТТО.

На средбата беа разгледани и стратешките приоритети на МАТТО, меѓу кои: јакнење на соработката меѓу членките и локалните самоуправи, поддршка на регионалниот економски развој и унапредување на условите за поквалитетно и одржливо локално живеење преку иницијативи за општествена одговорност.

Share this post

Back to Blog