МАТТО додели хуманитарни пакети за 200 семејства
Во соопштението на МАТТО стои дека пакетите се врачени на семејства од рурални средини во сегашните услови на пандемијата од коронавирусот и во пресрет на светиот месец Рамазан
Стопанската комора Македонија – Турција/МАТТО, ги врачи хуманитарните пакети (16.04.2020) со храна и средствата за хигиена, на 200 семејствата, кои имаат потреба од оваков вид на поддршка, особено во сегашните услови на пандемијата од Коронавирусот и во пресрет на светиот месец Рамазан. Пакетите се врачени на семејства од рурални средини, валандовските села Калкова, Казандол, Чаликли, Дедели, Пиристан, Бахчебос, Кочулу, Дојран и околните села Ѓопчели, Хасанли и Куртхамзали и селата во општина Струмица, Орманли, Мемишли и Дорломбос.
Во својата изјава г-дин Ајдован Адемоски, претседателот на МАТТО, членките на Стопанската комора Македонија – Турција, активно се заангажирани во поддршка на јавното здравство, бизниси и населението, во услови на епидемијата, а во рамките на општествена одговорност. ‘За добри дела не се зборува. Ова го кажуваме јавно, не да се промовираме туку да го поттикнеме секој еден кој е во ситуација да може, на било кој начин, да допринесе за поддршка на општеството, тоа да го стори, за да можеме полесно да продолжиме ден подоцна‘ – нагласи Адемоски, .
Членките на МАТТО, Хотелот „СТОН БРИЏ“ ги отстапи хотелските капацитети за државен карантин; ЕВН Македонија донира 200.000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем за справување со Ковид 19. Дополнително на оваа финансиска поддршка, ЕВН даде свој придонес и во подигнувањето на мобилната (полска) болница во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, донирајќи го приклучокот за електрична енергија во вредност од 10.000 евра; ВИТАМИНКА досега издвои буџет од 3,5 милиони денари за поголем број донации за набавка средства за дезинфекција и прехранбени производи; ТАБ ГИДА Македонија, (Кинг Бургер и Уста Донер) за сето време на епидемијата донираат 100 ланч пакети дневно за здравствни работници во Инфективната клиника, Клинички центар ‘Мајка Тереза‘; ХАЛКБАНК не наплатуваше провизии за налози за физички лица преку електронско работење, заклучно со 31 март и 600 клиенти, до сега, прифатија грејс период од 6 месеци за своите кредитни обврски; РАМСТОР на Министерство на здравство на Р.С.М. донираше 10.000 хируршки маски, 20.000 нитрини ракавици кои се медицински сертифицирани и 300 визери;
АЏИ БАДЕМ СИСТИНА, стави на располагање пет мобилни болници и заедно со „ОРКА ХОЛДИНГ“ донираше 325.000 евра за справување со коронавирусот; политиката на ТАВ МАКЕДОНИЈА, е да ги задржи сите вработени и покрај видно намалена работа поради затворање на летовите.