Back to Blog

Посета на МАТТО од страна на раководството на турската на Федерација на сите активни индустријалци и Здружение на бизнисмени – TESİAD

Делегацијата предводена од страна на основачот и Претседател на Федерација на сите активни индустријалци и Здружение на бизнисмени – TESİAD и  ТЕСАМ – Центар за економски, политички и стратешки истражувања, г-дин Илјас Бозкурт и Претседателот на Федерација на сите активни индустријалци и Здружение на бизнисмени – TESİAD, г-дин Халил Ибрахим, беа во посета на седиштето на Стопанската комора на Македонија-Турција,МАТТО.

На состанокот присуствуваа членки и претставници на Управниот одбор на МАТТО.

Членката на Управниот одбор на МАТТО, г-дин Муртеза Сулооџа, зборуваше за активностите на МАТТО, со посебен акцент на инвестициските можности во Република Северна Македонија и можностите што ги нуди на странските инвеститори.

 Меѓу присутните членки беа одржани и меѓусебни консултации.

Г-дин Муртеза Сулооџа истакна дека сме отворени за заеднички проекти и идеи за соработка. Истакнувајќи дека во наредниот период ќе можат да се воспостават повеќе контакти, им се заблагодари на претседателот г-дин Илјас Бозкурт и делегацијата, за посетата.

За време на посетата, претседателот Бозкурт зборуваше за активностите на TESİAD и TESAM, и ги образложи проектите што се реализираат и планираат во Република Северна Македонија.

Беа разменети мислења за можностите за бизнис и можните соработки во регионот.

Share this post

Back to Blog