Министерката за образование Јаневска, ја пречека делегацијата на МАТТО
Министерката за образование и наука на Република Северна Македонија, г-ѓа Весна Јаневска денес ја пречека делегацијата на МАТТО. На состанокот присуствуваа делегацијата предводена од претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, заменик претседател, г-дин Имер Селмани, членовите на УО г-дин Осман Демирѓул и г-дин Муртеза Сулооџа, извршниот директор, г-дин Шахпаз Молалиев, и претставникот од Балкански Универзитет, г-ѓа Снежана Билиќ.
Министерката беше придружувана од државниот советник за образовни политики во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, г-дин Ѓонул Бајрактар.
Акцентот беше ставен на институционалната соработка, беа споменати придонесите на членовите на МАТТО во областа на образованието.
Министерката за образование Јаневска во своето обраќање истакна: „Разговаравме за состојбите во областа на образованието и можностите за соработка што ќе ги креираме во наредниот период.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]


