На 15 -ти мај 2016 година Амбасадорката на Венецуела Н.Е Orrietta Caponi го посети МАТТО
Нејзината екселенција, г-ѓа. Orrietta Caponi, Амбасадорката на Венецуела во Република Македонија, Црна Гора и Албанија, со седиште во Софиа, во рамките на званичната посета на Министерството за надворешни работи на Република Македонија го посети МАТТО (15.06.2016). Таа беше примена од страна на потпретседателот на МАТТО г-дин Ејуп Учак, претставник на компанијата Chevahir Холдинг, Турмак АД, подружница во Скопје, г-дин Асмир Јаховски, сопственик на компанијата Пуцко Петрол, и члено на Управниот одбор на МАТТО, како и од г-дин Стојан Новевски, претставник на градежна компанија Би Холдинг, Скопје, член ма МАТТО.
Амбасадорка на Венецуел ја презентираше актуелната политичка и економска состојба во земјата, во која 70% од државните приходи се должи на извозот на нафтата и нафтените деривати и која заради падот на ценатат на нафтата се суочува со сериозни проблеми. Венецуела е земја со потврдени најголеми резерви нафта во светските размери и еден од најголемите извозници на овој ресурс. Од деведесетите години, владите на Венецуела работат на диверсификација на економијата и намалување на зависност на развој од само еден извозен производ. Во рударството, покрај злато, бакар, дијаманти, боксит и готово сите руди што постојат, титаниумот е од особено знчење сооглед на неговата примена во високите телекомуникациски и други технологии. Извоз на земјоделските производи се повеке добиваат на значење како што се банани и друго тропско овошије, кафа, какао, рум. Во септември во Софиа ќе биде организиран настан со колумбијски компании во секторот туризам на која се поканети и членките на МАТТО. Македонија и Венецуела, набргу, ке го започнат процесот на взаемно укидање на визи и билатерално уредување на мегјусебна економска соработка. “Оддалеченоста помеѓу Македонија и Венецуела не е пречка за трговијата а Амбасадата е на располагање за сите информации кои би можеле да бидат од интерес за членките” – нагласи амбасадорката на Венецула. г-дин Ucak ја запозна г-ѓа. Caponi со функција на МАТТО во Македонија и изрази подготвеност да МАТТО биде еден од локалните партнери на амбасадата во развивање на билатералната економска соработка.