Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, во посета на новиот претседател на Уставен суд, Др.Дарко Костадиновски
Претседателот на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО),г-дин Ајдован Адемоски, го посети новиот претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Др.Дарко Костадиновски.
На средбата се разговараше за зголемување на соработката меѓу двете институции.
Исто така, беше нагласена важноста на соработката меѓу институциите на двете земји со цел зајакнување на трговските односи меѓу Република Турција и Република Северна Македонија.
На средбата беа разменети идеи за потребните законски прописи за зголемување на обемот на трговската размена и подобрување на актуелната состојба.
На средбата што се одржа во Уставниот суд учествуваа и заменик претседателот на МАТТО, г-дин Есер Џевахир и извршниот директор на МАТТО, г-дин Шахпаз Молалиев.