Пратеникот на Големото национално собрание на Р.Туркије, г-дин Мурат Каја и членовите на ÜTİK (Одборот за производство и трговија) беа во посета на МАТТО
На состанокот помеѓу MATTO и ÜTİK беа претставени можностите за инвестирање во Македонија
Денес во Скопје се одржа состанок помеѓу MATTO и ÜTİK (Одбор за производство и трговија), чиј домаќин беше Стопанската комора на Македонија на Турција.
На средбата се разговараше за чекорите што двете институции заеднички би можеле да ги преземат во наредниот период и можностите за инвестирање во земјава.
Во рамките на состанокот членките на МАТТО и ÜTİK (Одборот за производство и трговија)остварија билатерални разговори.
На состанокот присуствуваа пратеникот на АК партијата во Големото национално собрание, г-дин Мурат Каја, претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, претседателот на ÜTİK г-дин Озкан Пинар, трговскиот советник при Амбасадата на Р.Туркије, г-дин Синан Танриоген, копретседавачот на МАТТО г-дин Билал Суџубаши, и заменик претседателот, г-дин Имер Селмани, како и деловни луѓе од Р.Туркије и Република Северна Македонија.
Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски ја отвори средбата и ги информираше присутните за активностите на МАТТО.
По средбата, копретседавачот на МАТТО, г-дин Билал Суџубаши ги информираше гостите за економските случувања во Република Северна Македонија.
“Имаме за цел да ги максимизираме односите со бизнисмените во збратимените географски подрачја”.
Пратеникот на Ак партијата, г-дин Мурат Каја нагласи “Имаме за цел да ги максимизираме односите со бизнисмените во збратимените географски подрачја”.
Каја изјави дека има голем пораст на извозот во Турција и додаде дека извозот е зголемен за 150 пати за време на АК Партијата.
Пратеникот Каја исто така истакна: „Можеме да ја зголемиме нашата соработка со взаемна помош и консултации со деловните луѓе од збратимените земји“.
Осврнувајќи се на инвестициското прашање, претседателот на ÜTİK г-дин Озкан Пинар истакна дека со задоволство би ја продолжиле соработката со МАТТО по ова прашање.
Трговскиот советник при Амбасадата на Р.Туркије во Скопје, г-дин Синан Танриоген, пред деловните луѓе од Р.Туркије ги презентираше можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.
Средбата заврши со взаемно врачување на подароци и плакети.












