Back to Blog

На 23-ти ноември 2014 година, Претседателот на Големото национално собрание г-динот Џемил Чичек заедно со својата делегација, беше гостин на МАТТО

Претседателот на Големото национално собрание г-динот Џемил Чичек заедно со својата делегација, беше пречекан од страна на Претседателот на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи и членките на Управен одбор. 

Состанокот се реализираше со Претседателот на големото национално собрание г-динот Џемил Чичек како гостин на комората, заедно со својата делегација, пратениците на АК партијата од Истанбул, и Претседателот на пријателската група на Македонија г-дин Хусеин Бурге, пратеникот на АК партијата во Измир г-дин Рифат Саит, пратеник од МХП Коџаели г-дин Лутфу Туркан, пратеник на ЏХП Текирдаг г-дин Емре Копрулу, и членките на МАТТО.

Состанокот започна со презентација околу активностите на комората.

Претседателот на комората г-динот Туна Ејуп Кахвеџи даде информации околу активностите на МАТТО и околу тековните турски инвестиции во Македонија. Претседателот на комората г-дин Туна Ејуп Кахвеџи на Претседателот на големото национално собрание г-дин Џемил Чичек како и на делегацијата, даде информации околу тоа што е потребно да се стори за да се зголеми обемот на трговската размена. Претседателот на комората г-дин Туна Ејуп Кахвеџи даде информации и околу тоа дека МАТТО работеше и околу проектите поврзани со нашите стопанственици од другите земји на балканот.  

Претседател на Големото национално собрание на Р.Турција, во својот говор истакна дека Македонија направи потег кој го привлече вниманието за важноста на балканот. ” Македонија од наша гледна точка преставува една држава со големо значение. Таа е клучна држава на балканот. За одржување на мир, спокојство, стабилност и одржлив развој во однос на постигнување на целите во овој регион, Македонија преставува земја со големо значение. 

Во однос на Турција, Тоа е земја каде што ги продолживме нашите односи преку стратешко партнерство. Исто така турското присуство е особено важно за да се формира еден значаен мост за односите помеѓу двете земји. 

Историските и културните врски помеѓу двете земји “Овде ние во минатото имаме многу длабоки историски и културни односи. Ова е местото каде што имаме роднини, во нашата заедница што носи траги од нашата сопствена култура и цивилизација. Од таа причина работиме да се развие Македонија во сите области, и се обидуваме да ја поддржиме политиката на Македонија. Од сите, ние сме тие кои најмногу сакавме да станеме членки на НАТО. Ги подржуваме напорите за членство во Европската Унија.  За разлика од политиката на меѓународната сцена, ние исто така во голема мера ја поддржуваме Р.Македонија. Додека трае ова ниво на владините односи, ние живееме да ги задржиме нашите односи на парламентарно ниво, да обезбедиме единство меѓу народите. Бидејќи парламентите се претставници на народот, затоа и се остваруваат овие посети.  

На крајот на разговорите, Претседателот на комората г-динот Туна Ејуп Кахвеџи му врачи плакета на Претседателот на големото национално собрание г-динот Џемил Чичек. 

ccicekm1.jpg

ccicekm2.jpg

ccicekm3.jpg

ccicekm4.jpg

Share this post

Back to Blog