Поддршка од ЕСНАФ за училишниот проект предводен од МАТТО, спроведен во земјотресната зона во Р.Туркије
Поддршка од Еснафите од Скопската Турска чаршија за започнатиот проект за изградба на училиште предводен од Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), во земјотресната зона во Р.Туркије.
Здружението ЕСНАФ обезбеди финансиска поддршка за училишниот проект што ќе се изгради во Малатија, под име Северна Македонија.
Претседателот на Здружението ЕСНАФ, г-дин Бујар Дулови денес се сретна со претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски.
На состанокот присуствуваа и потпретседателот на Здружението ЕСНАФ,г-дин Един Јонузи, членот на УО на Здружението ЕСНАФ, г-дин Екрем Далип, заменик претседателот на МАТТО, г-дин Имер Селмани, и членовите на одборот на МАТТО, г-дин Туран Адеми и г-дин Муртеза Сулооџа.
Благодарност од претседателот на МАТТО до ЕСНАФ
Претседателот на МАТТО г-дин Адемоски им се заблагодари на претседателот и раководството на Здружението ЕСНАФ за поддршката.
Претседателот на здружението ЕСНАФ г-дин Бујар Дулови истакна дека тие како еснафи размислувале да пружат ваков тип на подршка за земјотресниот регион во Турција, но кога дознале за училишниот проект предводен од МАТТО, решиле да се вклучат во овој проект.
Се разговараше за обновување на чаршијата.
На средбата што се одржа меѓу членовите на МАТТО и еснафите, покрај поддршката дадена за изградбата на училиштето, се разговараше и за областите на соработка меѓу двете институции.
Се разговараше и за чекорите што треба да се преземат за обновување на чаршијата , која е најважното историско и културно наследство на градот и враќање во првобитната форма и за нејзино економско заживување.
Беше договорено чаршијата повторно да се претвори во атракција, благодарение на заедничките чекори што ќе ги преземат двете институции.
На крајот од средбата, МАТТО додели плакета на Здружението ЕСНАФ во спомен на овој прв чекор кон понатамошна институционалната соработка.