Потпишан е протокол за соработка помеѓу MATTO и OSTİM
Денес членките на Кластерот за гумени технологии OSTİM беа во посета на просториите на Стопнската комора на Македонија-Турција (МАТТО).
Во рамките на посетата членките на МАТТО и Кластерот за гумени технологии ОСТИМ остварија билатерални разговори.
На средбата одржана во МАТТО по билатералните средби на гостите им се обрати претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски.
Г-дин Адемоски истакна дека со задоволство членовите на OSTİM ке бидат пречекани како идни инвеститори.
Претседателот на Кластерот на гумени технологии ОСТИМ, г-дин Акман Каракулах, истакна дека од нивна перспектива ова е малку задоцнета посета на РСМ, тој нагласи дека верува во иднина подобро ќе работат во овој регион.
Истакнувајќи дека членовите на OSTİM работат во индустријата за гума, г-дин Каракулах нагласи: „Нема царина помеѓу Северна Македонија и Турција, нашиот извоз на производи овде не се разликува од трговијата со производи од Анкара до Истанбул“.
Каракулах нагласи дека ако не се бара виза за граѓаните на двете земји, ќе се зголемат посетите за трговски цели и дека со државна поддршка тие ќе можат да извезуваат во Северна Македонија.
На средбата беше присутен и трговскиот советник при Амбасадата на Р.Туркије во Скопје, г-дин Синан Танриоген.
По обраќањата, претседателот на МАТТО г-дин Ајдован Адемоски и претседателот на УО на Кластерот за гумени технологии OSTİM, г-дин Акман Каракулах, потпишаа протокол за соработка.














