Средба на претседателот на МАТТО со претседателот на Здружение на српски инвеститори во Македонија (13.11.2018)
На иницијативата на Здружение на српски деловни субјекти и застапници во Македонија ( СИДИС), претседателот на здружението г. Антонио Цветковски, генерален менаџер на компанијата РИТАМ ТРЕЈД, со г. Предраг Ќирќ, секретар, беа во посета на МАТТО и се сретнаа со г. Ајдован Адемоски, претседателот. СИДИС е основан оваа година, и засега претставува 20 најголеми инвеститори и застапници од Србија во Македонија. Тие имаат интерес за институционална соработка со МАТТО а со цел унапредување на трилатерална бизнис соработка Македонија, Турција, Србија. По претставување на МАТТО , претседател Адемоски изјави дека постои реален интерес за такова соработка и дека деловното обединување на македонскиот и српскиот пазар во однос на Турција, може да го зголеми капицетот и компетативност на добавувачки ланци и да го зголеми привлекување на турските инвестиции. Обострано беше оценето дека оваа соработка може само да биде win-win добитна комбинација. Разговарано е за можни заеднички активности во 2019 година, што би било од значење за членките во смисла на отворање на новите деловни можности.