Back to Blog

МАТТО ја подржа донаторската програма на телевизијата ,,Канал 5”

Телевизијата „Канал 5“ организираше отворена донаторска програма насловена „Обединети за Турција и Сирија.“ која доби подршка од Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО). Од име на МАТТО во програмата учествуваше заменик претседателот, г-дин Имер Селмани.

Во изјава за телевизијата Канал 5, г-динот Селмани истакна: „Природна катастрофа од ваква големина не се случила во последните 100 години, барем во овој дел од светот. Имаше многу земјотреси со јачина од над 7 степени во последните 80 години во Турција, но овој земјотрес е најголем досега. Земјотрес со јачина од 7,7 и 7,6 степени последователно зафати повеќе од 13 милиони луѓе и 10 различни региони во земјата. Ако го споредиме погоденото подрачје со нашиот регион, тоа одговара на подрачјето на Грција, а го вклучува и вкупното население на Србија, Македонија, Албанија и Косово по население. Секој дониран денар, секој љубезен збор и секоја подадена рака за помош ќе бидат многу добредојдени. Како Стопанска комора на Македонија-Турција имавме вонреден состанок и од првиот ден донесовме важни одлуки. Контактиравме со Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) за да ги доставиме материјалните добра во земјотресното подрачје, формиравме и посебен Кризен штаб кој ќе координира со сите донации што членките на МАТТО или други правни и физички лица доброволно сакаат да ги донираат на настраданите од земјотресот во Турција. Обезбеден е логистички центар, магацин, како и транспорт до крајната дестинација. Испративме 20 камиони со многу материјали како зимска облека, храна и храна за бебиња.

Дополнително, како МАТТО отворивме сметка во Халкбанк за финансиски донации. На оваа сметка до петок се собрани вкупно 750 илјади евра, од кои 500 илјади евра донираше Халкбанк. Другата сума ја донираа преостанатите околу 120 членови на МАТТО. Целата оваа собрана сума беше префрлена на сметката на АФАД. Исто така, сакам да нагласам дека при трансферот на пари не се наплаќа провизија. Во вакви случаеви луѓето се двоумат дали парите што ги донираат ќе одат на правото место, каде што се наменети. Како МАТТО и Халкбанк, презедовме ваква иницијатива за да обезбедиме помошта побрзо да стигне до АФАД. Донациите се уште траат. Важни се и 50 денари, 100 денари, 5 илјади евра или 100 илјади евра, затоа што на тие луѓе навистина им се потребни. Луѓето живеат во шатори“.

Во првите денови од катастрофата ни беше испратен список на потреби . Најважно на прво место е донацијата на пари, бидејќи кога ќе се префрлат парите, таму може да се купат шатори, храна, греалки и лекови, во зависност од потребата. Исто така, не се препорачува праќање облека од втора рака бидејќи носи ризик од пренос на болести. Во оваа несекојдневна ситуација, нема начин тамошните власти да ја контролираат секоја помош што доаѓа. Затоа, многу е тешко да се утврди за која било заразна болест. Неопходно е да се обрне внимание на фактот дека материјалите како што се ќебиња и дебела облека се нови. Се препорачува и донирање на конзервирана храна, ќебиња, грејни тела, зимска облека (нова), пелени, бебешка храна, надворешни батерии за полнење на телефонски уреди.

Share this post

Back to Blog